Еврејски виц
Јакоб, кој живеел во Тел Авив му телефонирал на синот Сeмуел, кој емигрирал во Њујорк и му рекол: „Извини што ти го расипувам денот, но морам...
...да те известам дека јас и твојата мајка се разведуваме, 45 години страдање е премногу.
„Тато, како можеш такво нешто да кажеш? И тоа баш пред Божиќните празници“, негодувал синот.
„Не можеме повеќе ни да се гледаме“ одговорил таткото, „уморни сме еден од друг и од целата приказна, но направи ми услуга и јави и на твојата сестра Ана во Чикаго...“ и нагло ја прекинал врската.
Разочаран синот ја побарал сестра си, која потполно побеснелa: „Како се разведуваат....во нивни години? Јас ќе се погрижам за таа работа“.
Така ќерката му телефонирала на таткото и му рекла: „Не можете да се разведете. Немојте ништо да правите додека не дојдеме ние. Дали ме слушна добро- НИШТО...чекајте нè!“
Таткото ја прекинал врската, се свртел кон жената и и рекол: „Ребека, сè е одлично, двајцата доаѓаат да ги поминат празниците со нас и сами си ги плаќаат авионските карти!“