(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче?

„Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу внимателни. Оддалечете се на растојание на кое нема да можете да го слушате нејзиниот глас, но не ја испуштајте од пред очи - користете двоглед“: на интернет кружат шеговити упатства за тоа како секој маж треба да се справи со расплакана жена.

otkacheni-instrukcii-za-mazhi-shto-treba-da-pravite-koga-zhenata-plache-01.jpg

„Ако жената плаче“ - Упатство за мажи

1. Прво, утврдете чија жена плаче. Ако таа е туѓа, тогаш е опасно да ја тешите. Ако не му припаѓа никому - можете да ја земете за себе. Ако жената продолжи да плаче, тогаш е сосема јасно дека тоа го прави од среќа.

2. Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама, бидејќи некој може да помисли дека е ничија. Бидете многу внимателни кон неа. Оддалечете се на растојание на кое нема да можете да го слушнете нејзиниот глас, но не ја испуштајте од пред очи - користете двоглед.

3. Постојат голем број прашања кои никогаш не смеете да ѝ ги поставите на жената додека лее солзи: „Што сакаш всушност?“, „Кој е виновен?“, „Што да правам?“. Одговорот на првото прашање силно ќе „ве удри“ по паричникот, а одговорот на вторите две прашања ќе ви ја разниша самодовербата.

4. Како одговор на женските солзи, не треба да бегате никаде, да спасувате или да казнувате некого. Затоа што сигурно на крајот ќе се покаже дека сте требале да трчате на другата страна, да спасите некој друг и сè да направите спротивно од тоа што сте правеле.

otkacheni-instrukcii-za-mazhi-shto-treba-da-pravite-koga-zhenata-plache-03.jpg

5. Не им давајте подароци на расплакани жени. Тоа е лоша и погрешна навика. Подобро дајте ѝ хартиени марамчиња. Запомнете, подароци треба да се даваат само кога жената е среќна. Ова создава корисен условен рефлекс и пријатно чувство.

6. Ако направивте сè според упатствата, а жената и понатаму плаче и притоа не оди кај некој друг, тоа значи дека вие треба да ја утешите. Покажете ѝ го вашето тажно и загрижено лице. За тоа треба да го тргнете двогледот на страна и да ѝ се приближите.

7. Нема потреба да навлегувате длабоко во сè што зборува расплаканата жена. Најважно е да воздивнувате на паузите и нежно да ја прегрнете меѓу нив.

8. Полн погодок е да го погодите вистинскиот момент, па, и вие пуштете солза по неизбричениот образ. Во такви моменти жената заборава на своите проблеми и автоматски почнува да ве теши.

otkacheni-instrukcii-za-mazhi-shto-treba-da-pravite-koga-zhenata-plache-02.jpg

„Ако мажот плаче“ - Упатство за жени

Бидете тактички. Правете се дека не го забележувате придушениот машки плач.

Ако плачот не е доволно придушен, потчукнете го нежно мажот по рамо и кажете му „Е, добро де, добро!“

Ако мажот сè уште плаче, проверете му ги пелените и нахранете го.

Извор

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg