За викенд насмевка
Кога доаѓа викенд, секогаш сакаме да се опуштиме и насмееме. Зошто да не го започнеме овој викенд со 3 вицеви кои ќе изнудат насмевка на вашето лице?
Ви посакуваме убав ден и убаво расположение во текот на викендот!
Решил Мујо да скока со падобран. Му дошол редот да скокне од авионот, но решил да го сподели стравот со капетанот:
- Сонував дека тетка ми ме советува да не скокам затоа што падобранот нема да ми се отвори.
Капетанот му одговорил:
- Дај не лупај Мујо, еве ти го мојот ако не веруваш дека твојот ќе се отвори.
Скокнал Мујо и секако, падобранот му се отворил. Тогаш прелетал покрај него и капетанот викајќи:
- Мујо! Да ти еб*м теткатаааа!!!
-
Се жали Перица кај другар му. „Ееее, кога бев мал, ќе ми дадеше мајка ми 10 денари и ќе ме пратеше во продавница. Ќе се вратев со три леба, два литри млеко, пакетче бомбони, 5 чоколади, 10 јајца, зејтин, литро ракија, па уште и кусур ќе вратев.“
Пријателот на тоа му вели: „А, денес бе друже, не е баш така, а?“
Перица: „Еееееех, денес не може...да им се плукнам во сигурносните камери да им се плукнам!!!“
-
Нарачува човек во ресторан еден гулаш. Кога се најал го прашува келнерот.
- Одличен ви е гулашот. Како се вика?
- Турски гулаш.
- А, зошто баш турски гулаш?
- Кучето се викаше Султан.