Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи

Речиси и да нема човек што некогаш не слушнал некој од вицевите за познатите Мујо и Хасо. Кој виц за нив ви е омилен?

vicevi-za-mujo-i-haso-shto-kje-ve-nasmejat-do-solzi-01.jpg

Со вицевите за Мујо и Хасо пораснаа голем број генерации наназад, а старите добро познати протагонисти од Босна сѐ уште се поврзуваат со голем број досетки и шеги.

Во продолжение издвојуваме неколку вицеви за Мујо и Хасо што можеби досега не сте ги слушнале, а ќе ви се најдат за седенките со пријателите и веднаш ќе сакате да ги споделите.

Џентлмен

Оделе Мујо и Фата по улица, кога надвор почнало да врне. Мујо веднаш извадил чадор од ранецот и ѝ го дал на Фата, па ѝ рекол:

- Срцка, еве земи го чадорот за да не накиснеш до дома – на што таа му одговорила:

- Леле, баш си џентлмен... А ти како ќе си одиш до дома? Ќе накиснеш...

- Па со такси! – рекол Мујо.

Прашања

Ја прашува Мујо сопругата:

- Кога јас би починал дали ти повторно би се омажила? – на што таа му одговорила:

- Не љубов моја, би останала да живеам со сестра ми... А ти, миличок, дали би се оженил повторно, ако мене нешто ми се случи?

- Не, љубов моја и јас би останал да живеам со сестра ти – одговорил Мујо.

Нерешено

Мујо го прашува другар му, Хасо:

- Еј, Хасо што би се случило кога јас би имал секс со жена ти?

- Ништо ќе бидеме 1:1.

Сообраќајка

Мујо и Хасо имале тешка сообраќајна несреќа, починале и заминале во рајот, кога таму ги пречекува господин во бело и им вели:

-Добродојдовте во Рајот господа! Тука не мора да се грижите за пари, затоа што пари нема. Исто така не треба да мислите за работа, затоа што работа нема.

Го гледа Мујо другар му Хасо, па му вели:

- Хасо брат, тука исто како дома, ич не требаше да доаѓаме!

Уште 5 вицеви на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg