Мујо и Хасо после 50 години
Се сретнале Мујо и Хасо после 50 години и се изгушкале од радост, а Мујо го викнал Хасо да дојде на кафе кај него дома. Седнале на тераса...
...а Мујо и вика на жена му:
- Љубов моја, ај направи ни по едно кафе. И таа донела кафе.
После пола саат Мујо и вика:
- Среќо, ај сега донеси ни по една ракиичка. И таа им носи ракија.
Прошол уште пола саат па Мујо пак:
- Срце мое, ај сега направи ни нешто за мезе. И жената носи мезе.
Хасо зачуден му вика на Мујо:
- Пријателе, секоја чест, ти се восхитувам жими све! После 58 години брак ти жена ти уште ја викаш љубов, среќо, срце...навистина немам зборови!
Мујо на тоа мрднал со рамениците па му вика:
- Ееее пријателе, ма нема тоа врска со љубов, туку јас веќе 5 години немам појма како се вика она...