Глетка која ги збуни Британците: Зошто бродови „лебдат“ во воздухот?
Неколку жители на Велика Британија споделија фотки од океанот на кои бродовите во далечина изгледаат како да лебдат, а неверојатната глетка е предизвикана од феноменот фатаморгана.
Деновиве многу жители од Велика Британија останале во неверување кога забележале дека неколку бродови на хоризонтот изгледаат како да лебдат во воздухот.
Од неколку разни места во државата, Британците споделија фотографии на кои се гледа океанот, а на хоризонтот се гледаат бродови кои се чини дека лебдат над неговата површина.
Оваа волшебна глетка е предизвикана од феномен кој, иако редок, им е добро познат на научниците.
Феноменот е познат како фатаморгана и е вид оптичка илузија. Илузијата настанува кога Сонцето ја загрева атмосферата над океанот, создавајќи разлика во температурата, а со тоа и разлика во густината на слоевите воздух.
Односно, еден слој топол воздух се наоѓа врз слој студен воздух, а поради нивните различни индекси на прекршување на светлината, настанува фатаморгана.
Бидејќи студениот воздух е погуст од топлиот, тој ја искривува светлината под различен агол, поради што набљудувачот гледа привидение, односно го гледа предметот поразлично.
Во овој случај предметот, или бродот, изгледа како да лебди над површината на океанот.
Спирова С. | Црнобело