Доаѓа пролет: Првиот штрк пристигна во Македонија и си го зафати гнездото (фото)

Штрковите се предвесници на пролетта, а од Македонското еколошко друштво соопштија дека првиот штрк за оваа сезона пристигна во Македонија и си го зафати гнездото.

doagja-prolet-prviot-shtrk-pristigna-vo-makedonija-i-si-go-zafati-gnezdoto-foto-01.jpg

По студените зимски месеци, штрковите полека се враќаат во нашата земја и си ги заземаат своите гнезда.

Годинава, на 16-ти февруари пристигна првиот штрк во Македонија, според објавата на Македонското еколошко друштво на Фејсбук, а очекуваме наскоро да пристигнат уште многу повеќе.

„Пристигна! Пристигна! Првиот штрк пристигна во Македонија! Марјан Иванов ни соопшти дека на 16 февруари пристигнал во Богородица и си го зафатил гнездото. Пишувајте ни за штрковите кои ќе ги видите, по можност сликајте ги и гнездатат кои ги користат.“ - стои во објавата како опис на фотографијата.

doagja-prolet-prviot-shtrk-pristigna-vo-makedonija-i-si-go-zafati-gnezdoto-foto-02.jpgфото: Фејсбук - Македонско еколошко друштво

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg