„На породилно е, си ужива по цел ден“ - скулптура кој ја доловува реалната „Жена на породилно отсуство“

na-porodilno-e-si-uziva-po-cel-den-spomenik-koj-ja-dolovuva-realnata-zena-na-porodilno-otsustvo-01.jpg

„Седи дома со децана по цел ден и ништо не прави“. „На породилно е, по цел ден лежи со бебето низ дома“. „Ехеее, колку сакаш време имаш ти, на породилно си“.

Ова се само дел од коментарите кои со сигурност сте ги слушнале барем еднаш во животот.

Оваа скулптура е наречена „Жена на породилно отсуство“ и е дело на Шпанската културна асоцијација „Asociación Cultural OCTUBRE“, изработено во 2019-та година. Креаторите на истиот сакаат да го променат мислењето и впечатокот кој честопати се создава за новите мајки.

Овој т.н. „одмор“ всушност е една нова голема одговорност кон долгоочекуваното дете кој со себе носи анксиозност, непроспиени ноќи, настинки, грчеви и сл.

na-porodilno-e-si-uziva-po-cel-den-spomenik-koj-ja-dolovuva-realnata-zena-na-porodilno-otsustvo-02.jpg

Породилното отсуство е и постојано перење, пеглање и готвење за новороденчето, одржување на домот и наоѓање време за бебенцето.

Е. П. | Црнобело / фото: Фејсбук

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg