Пица со македонско знаме во Џенова - Нашиот тенор Благој Нацоски однесе домашен ајвар во италијанска пицерија

„Дали знаете што е ајвар? Тоа е типичен македонски производ, смеса од пиперки“ – стои во описот на фотката од италијанската пицерија која направи пица со налик форма на македонско знаме од компири и ајвар, донесен од Скопје, благодарение на Благој.

pica-so-makedonsko-zname-vo-djenova-nashiot-tenor-blagoj-nacoski-im-odnese-domashen-ajvar-01.jpg

Замислете да живеете во Италија и да имате можност да јадете пица по оригинален рецепт, а во неа да има и додаток – македонски ајвар.

Нашиот оперски пејач (тенор), Благој Нацоски, кој живее и работи во Италија, однел симболичен подарок во италијанска пицерија – тегла македонски ајвар.

Пица мајсторите успеале да направат наполитанска пица со македонски ајвар, а во описот на Инстаграм пишува:

„Дали знаете што е ајвар? Тоа е типичен македонски производ, смеса од пиперки и малку модри домати – може да биде благ и лут. Со компири и ајвар го направивме македонското знаме на пица. Благодариме на македонскиот амбасадор за култура, Благој Нацоски, што ми донесе тегла ајвар директно од Скопје.“

Инаку, неодамна Благој беше во посета на својата родна земја и настапуваше на јубилејниот концерт на оркестарот „Скопски Солисти“. 

https://www.facebook.com/Blagoj.Nacoski.Fans/posts/10158842851536558?__tn__=%2CO*F

https://www.facebook.com/Blagoj.Nacoski.Fans/posts/10158872865346558?__cft__[0]=AZUfmWqKoXIuA3v_fM8Hio1BxqElEm4f8L0uWqgFHfFuUIax-Hmq_fMdH3T2FkdkenXVqK8ZfY_CRxM3Z0DQj-7-N1pHFdCP_lY4BJysoIq86lrJ4tjahpDyFXN9WXgE0Q82ay3FZwPGQaIpB6gqd-cYEvHHl5YrISR6Ziq5KBhEyg&__tn__=%2CO%2CP-R

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg