„Ходник полн спомени“: Каролина Гочева во совршено модно издание (фото)

Кусото фустанче на витката линија на Каролина прилега одлично. Таа дефинитивно е македонска модна икона.

hodnik-poln-spomeni-karolina-gocheva-vo-sovrsheno-modno-izdanie-foto-01.jpgФото лево: Дејан Пановски

Каролина Гочева објави фотографија направена во Македонската опера и балет, а во описот напиша „Ходник полн спомени“.

Македонската поп дива таму има одржано низа соло концерти и била дел од разни блескави музички случувања.

На најновата фотографија на Каролина коментираа и низа познати личности меѓу кои Тијана Дапчевиќ која напиша: „А, ти иста, несменета, убавица, милица“, Катарина Ивановска се пошегува „Гаси НЕТ е сликава“, а верниот стилист на Каролина во текот на годините Александар Билјановски Дадар напиша: „WOW! Just WOW!“.

Моден погодок на Каролина Гочева:

View this post on Instagram

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Кога ќе се потсетиме како изгледаше Каролина во 2006-та година ќе сфатиме дека за неа годините се само бројка, а таа изгледа подеднакво убаво и младешки и денес, речиси непроменета.

Каролина во 2006-та:

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg