Скромноста на една шведска политичарка го освои светот – чека воз за да оди на работа (фото)
Фотографијата од една шведска политичарка повторно стана вирална, и тоа со причина - и покрај целата моќ, жената чека јавен превоз за да оди во канцеларија.
Неодамна, на социјалните мрежи почна да кружи фотка од жена која чека воз. Жената изгледа средовечно, носи црвена јакна и во раката држи сад со храна. Она што е интересно е што оваа жена е всушност Илва Јохансон, политичарка од Шведска. Фотографијата е направена минатата година, но во регионов се прослави дури сега.
Во описот на фотографијата стои дека таа е направена од случаен минувач.
„Оваа Швеѓанка која седи на клупа, со сендвич во рака додека го чека возот и му се насмевнува на минувачот кој ја фотографира, е всушност политичарката Илва Јохансон“.
Cette citoyenne Suédoise qui est assise sur un banc, un sandwich à la main qui attend son train souriant à un passant...
Posted by Comité Transparencia LIÈGE on Saturday, August 10, 2019
Наводно, Илва чекала воз за да се врати во канцеларија. Она што ја направи фотката вирална е скромноста на жената, која очигледно има голема моќ во нејзината држава.
Спирова С. | Црнобело