Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за најмалите држави во светот
Сан Марино
10. Поради малиот број жители (околу 30.000), Сан Марино е една од најбогатите држави во светот.
11. Во Сан Марино нема аеродром и можете да стигнете дотаму само преку Италија.
Малта
12. Малта има околу 300 сончеви денови годишно и температурата ретко кога се спушта под 10 степени Целзиусови. Поради ова, повеќето домови немаат никаква термална изолација, па зимите, иако се кратки, можат да бидат проблематични.
13. Во Малта има некои навистина чудни закони. На пример, не смеете да трчате „премногу експресивно“, односно со многу мавтање на рацете, за да не повредите некој во ваша близина. Исто така, надвор никогаш не смеете да оставите скала или каков било алат.
14. Малта е најгусто населената земја во Европа. Овде живеат околу 1.200 жители на километар квадратен.
Лихтенштајн
15. Во Лихтенштајн нема сиромаштија. Односно, нула проценти од населението е сиромашно. Истовремено, повеќето луѓе кои работат во Лихтенштајн всушност живеат во соседните земји – Австрија и Швајцарија.
16. Владетелот на Лихтенштајн – принцот Ханс-Адам – не користи обезбедување. Тој слободно се движи низ државата и наводно секогаш е расположен за разговор со локалците. Исто така, редовно има прием во неговата палата каде што се поканети сите жители.
Спирова С. | Црнобело