Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за најмалите држави во светот
Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% пониски отколку во Рим бидејќи се ослободени од данок – забавни факти за најмалите држави во светот.
Ватикан, Монако и Сан Марино се едни од најмалите држави во светот.
Површината на повеќето од овие држави е само неколку километри квадратни, а бројот на жители е помал и од оној на нашиот главен град.
Забавни факти за дел од најмалите држави во светот:
Ватикан
1. Никој не може да се роди во Ватикан, но сепак најмалата држава во светот има свои жители кои имаат и пасош.
Овие државјанства и пасоши се привремени и им се доделуваат само на луѓето кои се на работна должност во Ватикан, како и на нивните сопружници и деца.
По завршувањето на работниот договор, завршува и важноста на пасошот.
2. Продавниците во Ватикан се ослободени од данок, па тамошните цени се околу 25% пониски од оние во Рим. Ова правило се однесува на сè – храна, лекови, продукти за убавина, парфеми, електроника, облека…
3. Жителите на Ватикан не смеат да носат облека која им ги открива рамената. Тие не смеат да носат ни кратки панталони или здолништа. Исто така, забрането им е да прават забави во своите домови со гласна музика.
4. Во Ватикан нема барови или ноќни клубови, па жителите за забава одат во Рим. Сепак, не можат да излегуваат и влегуваат во Ватикан кога сакаат – портите се затвораат во 1:15 по полноќ, а се отвораат во 5:45. Секако, ова не значи дека ќе останат на улица, но ќе бидат регистрирани дека се вратиле во „погрешно“ време.
5. Луѓето кои живеат во Ватикан можат да викаат гости во домовите, но тие мора да си одат на полноќ. Само многу блиски роднини можат да преспиваат кај нив.
Монако
6. Монако е втората најмала држава во светот и, според локалците, можете да изодите од едниот до другиот крај за околу 50 минути.
7. Жителите на Монако имаат многу привилегии. На пример, оние со ниски приходи добиваат финансиска помош за да можат да живеат во државата.
Но, не е воопшто лесно да допрете до државјанство и пасош. Ако не сте родени во Монако, можете да добиете државјанство ако стапите во брак со тамошен жител.
Но, државјанството ќе го добиете по дури 10 години брак.
8. Во Монако има строг кодекс на облекување. Не смеете да шетате боси низ улиците додека, од друга страна, забрането е да шетате со обувки на јахтите.
9. Монако нема своја војска, но има многу полицајци. Овде стапката на криминал е многу ниска, а луѓето одат во затвор најчесто поради грабеж или финансиска измама, но и за суровост кон животни.