Eмирот од Катар (42) има 3 жени и 13 деца - се оженил за братучетка и таа е единствената сопруга што смее да ја покаже во јавност
-->
Во 2005-та година Тамим стапил во брак со првата сопруга со која единствено се појавува во јавност. Како што тврдат катарските медиуми, тие двајцата се втори братучеди.
Првата сопруга, Џавахер бинт Хамад бин Сухаим Ал Тани (38) е единствената жена на шеикот што го придружува на сите важни настани.
Таа предизвика лавина од реакции во мај годинава кога при официјална посета на Шпанија се појави без превез на главата.
На жените во Катар им е дозволено појавување во јавност, само кога косата им е целосно прекриена со вел, а во Шпанија таа не само што не носеше превез, туку се фотографираше до кралицата Летиција во елегантен капут од Chanel и скапа чанта од Hermes.
-->
Џавахер и емирот од Катар заедно имаат 4 деца: два сина и две ќерки, а таа го придружуваше и на погребот на кралицата Елизабета во Велика Британија.
Во 2009-та година емирот од Катар се венча со втората сопруга Ал Ануд бинт Мана ал Хајри, ќерка на поранешниот катарски амбасадор во Јордан и заедно имаат пет деца.
Во 2013-та година, неговиот татко Хамад, отстапил од престолот со цел да им даде можност на помладите лидери да ја преземат власта и ова било првпат да се направи отстапка од доживотното владеење.
-->
-->
Во 2014-та година тој се оженил по третпат со шеика Нура бинт Натал ал Досари со која добил уште четири деца.
-->
Се смета дека токму тој е најзаслужен за финансискиот развој на земјата од последната деценија и активно е вклучен во промоција на Катар преку спорт и туризам.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител
„Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...