Ја перат облеката само со студена вода – забавни факти за животот во Австралија
Автомобилите се движат на левата страна од автопатот
За разлика од повеќето земји, автомобилите во Австралија се движат на левата страна од автопатот.
Кај нив постои ова правило поради Британија – Австралија долг период била британска колонија.
Жителите се навикнати на опасните животни и инсекти
Австралија дефинитивно не е земја што ќе им се допадне на луѓето кои имаат фобија од змии, пајаци и слични суштества.
За нас можеби звучи морничаво, но Австралијците се навикнати да наоѓаат огромни инсекти и што уште не во нивните домови.
Во сите ресторани нудат бесплатна вода
Каде и да одите во Австралија, можете да нарачате бесплатна вода. Некогаш ова е флаширана вода, а некогаш од чешма, но секогаш е бесплатна.
Истовремено, многу ресторани дозволуваат гостите сами да си донесат пијачки.
Купуваат храна во продавници за алати и материјали
Во австралиските продавници за алати и материјали секогаш има и оддел за храна.
Овде се продаваат колбаси со парче леб, а парите од оваа храна најчесто се донираат во добротворни цели.
Спирова С. | Црнобело