Ја перат облеката само со студена вода – забавни факти за животот во Австралија
Знаевте ли дека еден од омилените појадоци на Австралијците е сендвич со тестенини како шпагети?
Многу детали од животот на Австралијците се поразлични од она на коешто сме навикнати.
Обично ова не се лесно воочливи разлики, но сепак се изненадувачки.
Неколку забавни факти за животот во Австралија:
Појадуваат тестенини со леб
Во Австралија доста популарен е појадокот со леб и тестенини.
Некогаш ги ставаат тестенините на парче леб, а некогаш прават сендвич со нив и додаваат путер, кашкавал и доматен сос.
Имаат „барови за млеко“
Овие „барови“ се всушност мали продавници во кои се продаваат намирници како леб и млеко.
Разликата од продавница е тоа што во нив има и бар каде што можете да си купите милкшејк – оттаму и името milk bar.
Овие барови првпат се појавиле во 1930-тите и биле многу популарни, но денес бројот им е драстично намален.
Ја перат облеката со студена вода
Повеќето Австралијци настојуваат да ја перат облеката на температура од најмногу 30 степени.
Тие сметаат дека повисоките температури само ја уништуваат облеката и се причина за непотребни големи трошоци.
Секогаш носат храна кога одат на гости
И кај нас постои еден вид традиција да однесеме нешто кога одиме на гости.
Но, ова најчесто важи ако во домот има мали деца или ако првпат одиме кај некого.
Во Австралија, од друга страна, очекувано е гостите да донесат храна, како салата, па дури и нешто зготвено.