Цитати од безвременскиот „Forrest Gump“ кои ќе ги променат вашите гледишта за животот

„Мајка ми секогаш велеше: Животот е како кутија чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш“.

citati-od-bezvremenskiot-forrest-gump-koi-kje-gi-promenat-vashite-gledishta-za-zhivotot-01.jpg

Неверојатен е фактот дека маестралниот Forrest Gump објавен во 1994 година, денес брои 28 години постоење, а сепак се наоѓа на врвот на листата на емотивно-реалистични драми кои можеме да ги гледаме по стопати.

Оваа киноматографска перфекција дава сеопфатен животен опсег и ја издвојува главната човекова лекција – „Секогаш можеме да успееме ако веруваме во себе, но исто така потребен ни е некој што ќе нè охрабри и нема да се откаже од нас“.

Покрај неговата светла кариера, Том Хенкс несомнено се здоби со огромна слава преку извонредниот портрет на Форест - љубезно момче со маргинална интелигенција, често малтретирано поради физичката попреченост и нискиот коефициент на интелигенција.

Citati-od-bezvremenskiot-Forrest-Gump-koi-kje-gi-promenat-vashite-gledishta-kon-zhivotot 01 630x330.jpg

Охрабрен од неговата мајка, тој на крајот го наоѓа патот во животот и докажува дека и покрај тоа што некој вели дека е таков каков што е, тој е способен да постигне успех.

Иако луѓето кон него не покажуваат особена љубезност, Форест продолжува да биде добар човек, онака како што го учела неговата мајка, не дозволува ништо да ја попречи неговата среќа, помага секому и секогаш кога е можно и не престанува да ги следи неговите соништа.

Горчлива, но и слатка испреплетеност низ неговите авантури претставува долготрајната љубов на Форест кон неговата другарка од детството, Џени Куран, која се бори да најде мир во себе среде бурните времиња во историјата на Америка.

Citati-od-bezvremenskiot-Forrest-Gump-koi-kje-gi-promenat-vashite-gledishta-kon-zhivotot 02 630x400.jpg

Овој филм, исто така ни ги насликува психоделичните, социјалните и граѓанските немири од 1960-ите години од минатиот век.

Тоа што Forrest Gump бил номиниран цели 13 пати, а освои 6 Оскари, е уште еден критички показател за неговата совршеност во филмската индустрија.

Во продолжение за вас ги издвоивме најдобрите цитати од овој маестрален филм:

„Кога ќе се уморев, спиев. Кога станував гладен, јадев. Кога морав да одам, знаеш, заминував“.

„Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека е подобар од вас“.

„Јас не сум паметен човек, ама знам што е љубов“.

„Што е нормално, во секој случај?“

„Мама секогаш велеше дека умирањето е дел од животот. Сигурен сум дека сакаше да не е“.

„Буба беше мојот најдобар пријател. Па, дури и јас знам дека пријателството не е нешто што можеш да го најдеш зад аголот“.

„Мајка ми секогаш велеше дека мора да го оставиш минатото зад себе, пред да продолжиш понатаму“.

Citati-od-bezvremenskiot-Forrest-Gump-koi-kje-gi-promenat-vashite-gledishta-kon-zhivotot 03 630x400.jpg

„Јас и Џени си одговараме како грашок и моркови“.

„Мама секогаш имаше начин да ги објасни работите за да можам да ги разберам“.

„Не би ми верувал ако ти кажам, но можев да трчам како што дува ветрот. Од тој ден, па натаму, ако заминував некаде, јас трчав“.

„Запомни што ти реков, Форест. Ти си ист како и сите други. Слушаш ли што реков, Форест? Ист си како и сите други. Вие не се разликувате“.

„Мајка ми секогаш велеше: Животот е како кутија чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg