Петел живеел 18 недели со отсечена глава – морничави факти од минатото кои ќе ве фасцинираат
Знаеме дека корсетите биле многу популарни кај жените. Со самото стегање и отежнување при дишењето, тие биле виновни за проблеми во бременоста, па дури доведувале и до спонтан абортус.
Тешко е да се поверува дека светот некогаш бил голема мистерија. Од времето кога луѓето не знаеле речиси ништо за нашата планета, денес сме во можност да пристапиме до сето тоа со само неколку допири на нашите телефони.
Но, и покрај сите технолошки достигнувања, сè уште постојат толку многу непознати работи, таканаречени мистерии (дел од нив и по малку морничави) кои секојдневно го фасцинираат светот.
Овојпат за вас решивме да издвоивме 10 морничави факти од минатото кои сосема ќе ве изненадат:
1. Во Франција во 17 век, мачките ги палеле за среќа, а кога останале без нив, истиот процес го почнале со лисици.
2. Во Римската империја забите и облеката се чистеле со урина.
3. Многу лекови продадени на почетокот на 20 век имале чудни состојки. Да речеме хероин, опиум, па дури и радиоактивен радиум. Јасно е дека не биле многу ефикасни, освен во убивањето на пациентите.
4. Порано, како спомен се фотографирале веднаш починатите луѓе (родители, браќа, сестри). Неретко се случувало и цели семејства да се соберат околу починатиот за да направат семејна фотографија како спомен.
5. Во 1930-тите, голтањето златна рипка било навистина популарно кај младите во САД. Се сметало дека овој процес, како и самата златна рипка – носел среќа.
6. Петел по име Мајк (1945 – 1947) живеел 18 недели откако му била отсечена главата.
7. Во 1960-тите, вистински хит било одредувањето на точниот број чевли со рендгенски снимки. Ова значи дека луѓето непотребно се изложувале на зраците, само затоа што било популарно.
8. Знаеме дека корсетите биле многу популарни кај жените. Со самото стегање и отежнување при дишењето, тие биле виновни за проблеми во бременоста, па дури доведувале и до спонтан абортус.
9. Во викторијанската ера, хистеричните жени биле третирани со вагинална масажа која била спроведена од лекар.
10. Британската кралица Елизабета Прва обожавала слатки, а исто така си ги миела забите со мед. Поради ова ѝ поцрниле забите, а некои од нив и испаднале. Овој таканаречен „хит“ веднаш се проширил во високите кругови, па сите сакале да ги имаат истите.
Мила М. | Црнобело