10 мудри цитати за проблемите кои ќе ве освестат (и ќе ви го олеснат животот)
„Проблем не е проблемот, проблем е твојот однос кон проблемот.“ Се согласувате ли?
Дали сте тип на личност која постојано кука, паничи и не знае како да се справи со проблемите или пак сте цврста личност која храбро се соочува сè што ѝ сервира животот, па дури и тоа понекогаш да не е според посакуваното сценарио?
Проблемите се неизоставен дел од животот и ефикасното справување со нив е клучна состојка од рецептот за среќа во животот.
А живот без проблеми не постои... Запомнете го тоа.
Инспиративни цитати кои ќе ве освестат:
„Сите ние имаме проблеми. Престани само да зборуваш за нив и да се жалиш - реши си ги.“
„Фокусирај се на решението, а не на проблемот.“
„Не им додевај на другите луѓе да ти помогнат, без прво сам да се обидеш да си го решиш проблемот.“
„Што и да ти се случи, да паднеш во депресија не е решение. Тоа е само проблем плус.“
„Проблем не е проблемот, проблем е твојот однос кон проблемот.“
„Целиот живот е решавање на проблеми.“
„Насмеј се, не затоа што немаш проблеми, туку затоа што си посилен од проблемите.“
„Проблемот е шанса да дадеш сè од себе.“
„Секој проблем има решение, само понекогаш треба да погледнеш од поинаква перспектива.“
„Секој проблем има позитивна страна.“
С. С. | Црнобело