Свињата што ја чуваше како миленик му го спасила животот и уште 9 забавни факти за Џорџ Клуни
Имал многу различни работни места пред да стане актер
Актерот работел сè и сешто обидувајќи се да преживее. Тој бил ѕидар, продавач на чевли, а продавал и животно осигурување.
Сакал да биде бејзбол играч
Актерот сонувал да стане професионален бејзбол играч.
Но, откако не успеал да влезе во клубот Cincinnati Reds, „кренал раце“ и решил да си ја проба среќата како актер.
Се обложил на 10.000 долари дека никогаш нема да се венча
Никол Кидман и Мишел Фајфер биле сигурни дека Џорџ Клуни ќе се венча пред 40-тиот роденден, па се обложиле со него на 10.000 долари.
Актерот го добил облогот, но им ги вратил парите и им рекол да ја дуплираат сумата и да почекаат барем до 50-тиот роденден.
Но, вториот пат изгуби – тој се венча со Амал Клуни на 53-годишна возраст.
Пробал да ја освои Амал Клуни со помош на неговото куче
Пред да почнат да се гледаат, актерот ѝ праќал мејлови на Амал, но напишани од перспективата на неговото куче.
Тој се надевал дека со ова Амал ќе посака да го види кучето, па тој ќе има шанса да го направи првиот чекор.
Дефинитивно чуден начин на флертување, но очигледно функционирал.
Тој е гласен поборник за човековите права
Актерот не заборава и да им помогне на помалку среќните.
Покрај поддршката на бројни добротворни организации, тој има формирано и непрофитна организација со цел да им помогне на луѓето од Судан чии човекови права се прекршени.
„Мантрата на татко ми беше секогаш да го предизвикуваме оној кој има моќ, а да му помагаме на оној кој ја нема.
Ќе бидам засрамен ако 20 години од денес моите деца ме прашаат зошто не сум презел нешто во врска со проблемите во светот“, изјави актерот во една прилика.
Спирова С. | Црнобело