Свињата што ја чуваше како миленик му го спасила животот и уште 9 забавни факти за Џорџ Клуни
Цели 18 години, Џорџ Клуни имаше миленик свиња, за која изјави дека му го спасила животот – го разбудила три минути пред да почне земјотрес.
Џорџ Клуни успеа да изгради импресивна филмска кариера и денес важи за еден од најдобрите холивудски актери.
Тoј се има докажано и како одличен режисер, а добро познат факт е и дека е голем хуманитарец.
Џорџ Клуни ја цени својата приватност и избегнува да открива многу детали за себе, но според она што го има споделено досега, јасно е дека станува збор за уникатна, интересна, но и мошне скромна личност.
Неколку факти за Џорџ Клуни кои веројатно не сте ги знаеле:
Преспивал во гардероберот на пријател
Пред да стане светски познат актер, Џорџ Клуни немал ни „скршенa пара“, па обично преспивал кај негови пријатели.
Кај еден од пријателите, актерот буквално спиел во неговиот гардеробер кој наводно бил доволно широк за да може да се смести во него.
Постојат и гласини дека актерот до денес понекогаш спиел во многу мала соба бидејќи така бил навикнат, но тој се нема огласено во врска со ова.
Неговата свиња му го спасила животот
Џорџ Клуни имаше необичен миленик – голема свиња по име Макс која ја чуваше дури 18 години.
Актерот беше многу поврзан со миленикот, а во една прилика изјави дека Макс му го спасил животот за време на земјотрес.
„Три минути пред да почне земјотресот, Макс ме разбуди и почна да ме бутка, како да пробуваше да ме предупреди. Ете, толку е паметен“.
Им дал по милион долари на најблиските пријатели
Џорџ Клуни се чувствувал должен кон пријателите што ги спомнавме погоре бидејќи му помогнале во најтешкиот период од неговиот живот.
Па, за да им се заблагодари, им дал по еден милион долари.
Беше првиот актер кој бил номиниран за Оскар во шест категории
Џорџ Клуни има освоено Оскар „само“ двапати – за споредна улога и продукција.
Но, има добиено номинации за шест категории, вклучувајќи најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, најдобро адаптирано сценарио и најдобра машка главна улога.
Со ова, тој стана првиот актер кој бил номиниран во дури шест категории.
Тој е вториот маж во историјата кој се појави на насловната на Vogue
По Ричард Гир, Џорџ Клуни беше вториот маж кој се појави на насловната страница на Vogue откако се издава магазинот.