Пред Меган, таа беше „војвотка на скандалите“ во кралското семејство – Што знаеме за Сара Фергусон, сопругата на принцот Ендрју?

Беше прва што кај Опра проговори за животот во кралското семејство, таблоидите пишуваа за нејзините неверства, а самата призна дека не можела да го поднесе притисокот на кралскиот живот. Што знаеме за Сара Фергусон, сопругата на вториот син на кралицата Елизабета?

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-01.jpg

Кога станува збор за скандалите во британското кралско семејство се чини дека во последно време Меган и Хари, заедно со принцот Ендрју се тие што важат за најпроблематични членови во семејството.

Но, долго пред нив, таблоидите ги полнеше една друга членка на семејството.

Црвенокосата писателка и телевизиска водителка Сара Маргарет Фергусон (62) попозната како Ферги, која се прослави благодарение на бракот со принцот Ендрју (61) контроверзниот син на Елизабета кого во моментов го тресат скандали со силување малoлетничка.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-02.jpg

Сара неодамна објави роман за возрасни насловен Her Heart for a Compass, а претходно, објави книга мемоари каде зборуваше отворено за сопствениот живот во кралското семејство.

Што знаеме за втората снаа на кралицата Елизабета, што воедно беше омажена за принцот, за кого се смета дека бил омилен син во семејството?

Погледнете повеќе факти за неа во продолжение:

Сара Фергусон била родена во 1959-та година во Лондон, а потекнува од аристократско семејство. Уште кога Сара била малечка нејзината мајка предизвикала скандал со што го засрамила целото семејство.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-03.jpg

Кога Сара имала само 12 години, нејзината мајка, Сузан Барантес одлучила да се разведе, да го напушти семејството и да се пресели во Аргентина заедно со новиот сопруг, професионалниот поло играч Хектор Барантес. Таа починала во автомобилска несреќа во 1998-ма година.

Две години подоцна, таткото на Сара повторно се оженил и добил уште 3 деца во новиот брак, заради што младата девојка почнала да се чувствува осамено, а тешко ја погодило тоа што мајка ѝ ја напуштила, па обвинувајќи се себеси почнала да развива пореметувања во исхраната.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-29.jpg

Иако пораснала во високите кругови на британското општество, пријателството со принцезата Дијана ќе се покаже како мошне вредно. Тие двете биле далечни братучетки и биле мошне блиски пријателки, па затоа Дијана во 1985-та година одлучила да ѝ помогне и да ѝ упати многу важна покана за настан во Виндзорската палата.

За време на настанот, на вечерата Сара го добила столчето до принцот Ендрју, по што започнала нивната љубовна приказна.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-21.jpg

Принцезата Дијана постојано упатувала покани до Сара за различни настани. Дури заедно оделе и на одмори, па така Чарлс и Дијана и Ендрју и Сара биле фотографирани заедно.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-12.jpg

Во 1986-та година кралицата дала одобрение Сара да се омажи за Ендрју, а по свадбата ги добија титулите војвода и војвотка од Јорк. Но, набрзо ќе се покаже дека таа не е во можност да го издржи притисокот што ѝ го наметнува кралскиот протокол.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-08.jpg

Во 1988-ма година Сара била бремена со принцезата Беатрис, а била во посета на Њујорк каде се одржувал настан. Пред хотелот таа била нападната од млад маж кој ја нападнал со ирско знаме. За среќа останала неповредена во нападот, а мажот бил уапсен.

pred-megan-taa-beshe-vojvotka-na-skandalite-vo-kralskoto-semejstvo-shto-znaeme-za-sara-ferguson-soprugata-na-princot-endrju-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg