24 факти за комплицираниот однос на кралицата Елизабета и нејзиниот син Чарлс, кој ја наследи на тронот
Имало некоја природна тензија помеѓу мајката и синот околу деликатниот факт дека тој ќе го наследи тронот само ако таа се откаже од круната или по нејзината смрт и наводно тој некогаш знаел да каже: „Зошто таа не абдицира?“
Кралицата Елизабета уште во февруари месец изјави дека нејзина искрена желба е кога принцот Чарлс ќе стане крал, неговата сопруга Камила да стане кралица придружничка, а во тој миг кралскиот пар објави дека се трогнати и почестени од потегот на кралицата.
Таа конечно со тоа му даде благослов за изборот на животна сопатничка и конечно покажа доверба во него како наследник на тронот.
Сега, по смртта на кралицата, Чарлс е крал.
Но, според пишувањата на британските медиуми нивниот однос не бил секогаш ваков.
Факти за односот на кралицата Елизабета и нејзиниот син Чарлс, кој ја наследи на тронот:
Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, често мислеле дека нивниот син Чарлс, кој е романтичен и чувствителен по природа, го губи фокусот.
Тој бил роден во ноември 1948 година и кралицата инсистирала да биде породена во нејзината соба, меѓу работите кои веќе ѝ се блиски и познати.
Таа го доела Чарлс два месеци, тој како бебе спиел во соба покрај нејзината, а во една пригода изјавила: „Јас ќе му бидам мајка, а не дадилките“.
Но, нејзините планови биле променети кога таа 4 години подоцна, на само 25 години во 1952 година, го наследила тронот, а нејзиниот биограф тврди дека тогаш ѝ се променил ритамот на функционирање и како треба да изгледа едно „нормално семејство“.
Во густиот распоред на обврски кралицата секогаш издвојувала време да го учи Чарлс да јава коњ, како и да го види по појадокот и чајот.
Во тој период, на моменти мајка му за него била далечна и гламурозна фигура, која доаѓала да го бакне пред спиење, мирисајќи на лаванда и облечена официјално.
Тој дури ја одвлекувал неговата сестра, принцезата Ана, кога таа сакала да биде со кралицата Елизабета и ѝ објаснувал „Ана, не смееш да ѝ додеваш на мама. Таа е зафатена, таа е кралица.“
Во 1953 година, новокрунисаната Елизабета со принцот Филип морала да појде на 6-месечна турнеја и да ги остави Чарлс и Ана, таа плачела дека мора да ги остави своите мали деца, но го направила тоа.
Уште 8 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





