Река што менува бои, розови делфини: 10 докази дека Колумбија е магична земја

Колумбија е безбедна, убава и туристичка земја. Совршена дестинација за сите кои бараат забава или релаксација. Се надеваме дека овие интересни факти за Колумбија ќе ве наведат да ја посетите некогаш доколку имате можност... 

ovde-decata-redovno-pijat-kafe-so-mleko-ima-rozovi-rechni-delfini-i-ushte-nekolku-interesni-fakti-za-kolumbija-01.png

Колумбија е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.

Интересни факти за оваа прекрасна земја:

Колумбија има 60 национални паркови

Националните паркови на Колумбија комбинираат многу различни типови терени. Од шумски, водни, планински, пустини и друго, има по нешто за секој љубител на природата. Еден од најголемите национални паркови е Светското наследство на УНЕСКО односно Националниот парк Чирибикете.

View this post on Instagram

A post shared by South America (@southamerica)

Колумбија е дом на „течното виножито“

Реката Кањо Кристалес, позната и како течно виножито, е долга 100 километри. Ги менува боите и тие се движат насекаде од нијанси на црвена, сина и жолта, до портокалова и зелена. Бојата на реката слична на виножито ја нема никаде на друго место во светот.

View this post on Instagram

A post shared by Caño Cristales/Cañón del Güejar/Viajes/Naturaleza (@fulldestinovip)

Колумбија има повеќе од 30 различни видови егзотични овошја

Без разлика дали ќе ги мешате во овошно смуди или ќе го откинете директно од дрвото, Колумбија е рај за љубителите на овошјето. 

Колумбија е дом на розови речни делфини

Длабоко во амазонската прашума во темните водни реки, ќе ги најдете бледорозовите лица на делфините. Може да ја забележите абнормалната форма на телото на делфините, што се должи на нивната способност да го ротираат вратот. Ова е функција која им недостасува на типичните делфини.

Во главниот град Богота нема менување на годишните времиња

Во Богота и околината во една година има две сушни сезони и две дождливи сезони. Сезоните на дождови се меѓу март и мај и октомври и ноември. Сушните сезони се во декември, јануари и февруари, како и од јуни до септември.

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg