„Човекот умира за пари, а птицата за храна“ - Турски мудри мисли кои се рефлексија на дамнешното животно и духовно искуство

Поговорките, односно мудрите мисли, без разлика на нивната земја на потекло во себе кријат посебна магија.

Turski-mudri-misli-koi-se-refleksija-na-damneshnoto-zhivotno-i-duhovno-iskustvo 01 630x330.jpg

Просто, ги отвораат очите и срцето. Интригантно е да се размислува за тоа што живееле и доживеале луѓето, било добро или лошо, и што е тоа што ги инспирирало нивните мудри зборови.

Зборови кои нè инспирираат, нè мотивираат, некои од нив нè тераат да размислуваме, а животните лекции искажани преку нив со сигурност нѐ учат на прифаќањето на различни гледишта.

Турците веруваат дека духовното искуство на генерациите од памтивек се пренесува токму преку поговорките. Тие сметаат дека овие искуства ја потврдуваат нивната вредност само затоа што луѓето ги користеле и ги пренесувале од колено на колено и дека лекциите од овие извори и во иднина служат за поцелосно разбирање на животот на човекот, општеството и светот воопшто.

Во продолжение за вас издвојуваме 20 турски мисли кои се рефлексија на дамнешното животно и духовно искуство:

„Луѓето се пречекуваат според нивната облека, а се испраќаат според нивното знаење“.

„Оној што јаде со полн стомак, сам си го копа гробот со своите заби“.

„Најдобро патува оној кој знае кога да се врати“.

„Лекот лечи човек чија судбина сè уште не одредила да умре“.

„Човек кој поместува планини започнува со движење на камчиња“.

„Љубовта е како сенка, ако ѝ свртиш грб, те следи, ако трчаш по неа, бега“.

„Кога жената плаче, прашајте ја што сака“.

„Скромноста е придружник на успехот“.

„Ако не можете да гризете, не покажувајте ги забите“.

„Човекот умира за пари, а птицата за храна“

Turski-mudri-misli-koi-se-refleksija-na-damneshnoto-zhivotno-i-duhovno-iskustvo 02 630x380.jpg

„Љубовта прави времето да помине, а времето прави љубовта да помине“.

„Господин е оној кој никогаш не престанал да биде дете во душата“.

„Како што црвите го уништуваат дрвото, така грижата го уништува човекот“.

„За вредноста на младоста дознаваме дури кога сме стари“.

„Во село каде што има премногу пејачи, утрото ќе доцни“.

„Среќата секогаш изгледа мала кога ја држите во раце, но изгубите ја и веднаш ќе сфатите колку е огромна и убава“.

„Ако ги замените оние со кои сте го започнале патувањето, со оние што сте ги сретнале на патот, тогаш ќе го изгубите и патот и вашите пријатели“.

„Вашите грешки се вашата сила. Дрвјата стојат посилно на кривите корени“.

„Човек мора да знае како да ја жртвува брадата за да си ја спаси главата“.

„Силниот оцет ѝ штети само на твојата чинија“.

„Вистинскиот пријател ја кажува и горчливата вистина“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg