Не ја претворајте сопругата во слугинка - 42 правила за добар живот од водечки психолог на денешницата
22. Побарајте од некого мала услуга за и тој истото да може да го направи во иднина;
23. Бидете пријатели со луѓето што ви мислат најдобро;
24. Не се обидувајте да спасите некого што не сака да биде спасен;
25. Бидете многу внимателни кога се обидувате да спасите некого што сака да биде спасен;
26. Нештата што сте ги направиле добро, не можат да бидат безначајни;
27. Доведете ја сопствената куќа во совршен ред пред да ги критикувате другите;
28. Облекувајте се како личноста што сакате да бидете;
29. Бидете прецизни во говорот;
30. Застанете исправено со високо крената глава и рамници наназад;
31. Не ги избегнувајте страшните работи што ви стојат на патот, но немојте да правите непотребно опасни работи;
32. Не им дозволувајте на децата да прават работи заради кои веќе нема да ви се допаѓаат;
33. Не ја претворајте сопругата во слугинка;
34. Не ги кријте несаканите ситуации под тепих;
35. Забележете дека секогаш постојат можности таму каде што нема одговорност;
36. Прочитајте нешто напишано од големи мислители;
37. Погалете некоја мачка што ќе ја видите на улица;
38. Не ги вознемирувајте децата кога возат скејтборд;
39. Не им дозволувајте на насилниците да поминат неказнето;
40. Напишете писмо до властите доколку забележите дека нешто може да се поправи и предложете решение;
41. Запомнете дека она што не го знаете е поважно од она што веќе го знаете;
42. Бидете благодарни и кога страдате.
Б. С. Б. | Црнобело