Бурна афера со Џек Николсон, 6 месеци по смртта на првата љубов се премажила - Љубовниот живот на Мерил Стрип
-->
Мерил вели дека имала огромна поддршка од сопругот додека ја градела сопствената филмска кариера. Тој со месеци се грижел за децата додека таа била отсутна и била на снимање.
За нејзиниот живот е напишана биографска книга од авторката Ерин Карлсон, насловена Queen Meryl: The Iconic Roles, Heroic Deeds and Legendary Life of Meryl Streep. Во оваа книга се вели дека Мерил честопати се соочувала со мажите во Холивуд кои се обидувале да имаат афера со неа.
Мерил во една прилика откри дека најстрасните бакнежи на снимање ги добила од Роберт Редфорд, па дури и дека била вљубена во него.
-->
Според биографијата, за време нa снимањето на филмот Heartburn во 1986-та година, Џек Николсон веднаш се вљубил во актерката и ја прогонувал, иако таа била во брак и бремена со нејзиното трето дете. Наводно Мерил го избркала од нејзината хотелска соба и рекла дека никогаш повеќе нема да работи со него.
Според друга верзија на Марк Елиот, Nicholson: A Biography, Мерил имала страсна афера со Џек Николсон и имале приватни средби во неговата приколка каде наводно го учеле текстот за улогите, а според изјавите на очевидците приколката со часови се „нишала како на федери“.
Мерил Стрип веднаш ги отфрли ваквите тврдења, а факт е дека по улогите во Heаrtburn тие уште еднаш ќе работат заедно во драмата Ironweed. Мерил за Џек Николсон има само пофални зборови.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис
Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
-->