Бурна афера со Џек Николсон, 6 месеци по смртта на првата љубов се премажила - Љубовниот живот на Мерил Стрип

Се вљубила во мажот што ѝ понудил стан додека тагувала заради загубата на претходното момче, за наводната афера со Џек Николсон постојат две верзии, а со сегашниот сопруг е заедно 43 години – факти за љубовниот живот на холивудската актерка Мерил Стрип.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-01.jpg

Мерил Стрип (72) е една од најпознатите холивудски актерки, со долгогодишна филмска кариера, а во нејзиниот живот речиси и да нема некои поголеми скандали.

Таа со истиот сопруг е во брак 43 години, со кого има 4 деца, а на поле кариера може да се пофали со голем број успешни филмски проекти зад себеси.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-02.jpg

Сепак нејзината љубовна приказна е уникатна, затоа што својот сопруг го запознала во најтешкиот период од сопствениот живот, а приказната за скандалозната афера со Џек Николсон (84) има две верзии – онаа во биографијата на Џек и онаа во биографијата на Мерил.

Сепак, Мерил важи за една од најуспешните жени во Холивуд, а за разлика од Миранда, улогата што ја толкуваше во „Ѓаволот носи Прада“, Мерил е подеднакво успешна како на професионален, така и на приватен план.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-03.jpg

Бракот на Мерил Стрип и Дон Гамер (75) е еден од најдолгите бракови во Холивуд. Тие двајцата се заедно 43 години, a се запознале во еден од најтешките мигови за актерката.

„Најдов прекрасен сопруг пред многу години. Навистина имав среќа во тој поглед“ – рече во една пригода актерката.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за љубовниот живот на Мерил Стрип:

Пред да го запознае сегашниот сопруг, Мерил Стрип две години била во врска со актерот Џон Казале познат по улогата на Фредо Корлеоне во филмот „Кум“. Тие се запознале на аудиции, а брзо откако ја почнале врската почнале да живеат заедно.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-07.jpg

Само една година откако ја почнале врската, во мај 1977-ма година парот добил страшни вести дека Казале боледува од рак на белите дробови што се проширил низ целото тело. Мерил вели дека била очајна за да биде постојано со него, па така кога тој добил улога во филмот The Deer Hunter, таа исто така прифатила улога за да биде во негова близина.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-05.jpg

За време на последните денови на Џон, Мерил не се одвојувала од него во болница. Тој починал во 1978-мата година, а по неговата смрт, таа отпатувала во Канада за да престојува кај пријателка. Кога се вратила дознала дека е избркана од станот каде живееле заедно со Џон.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-19.jpg

Нејзиниот брат Хери дошол да ѝ помогне за да си ги спакува работите, а со него го донел својот пријател Дон Гамер, кој живеел во близина. Гамер рекол дека треба да оди на патување и ја поканил актерката да престојува во неговиот стан, додека тој не е тука.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-17.jpg

Во овој период Мерил и Дон почнале активно да се допишуваат. Таа во прв миг не била сигурна дека е подготвена за нова врска, но пријателите почнале да ја охрабруваат да му даде шанса. Кога Ганер се вратил од патување, Стрип останала да живее во неговиот стан, а шест месеци подоцна стапиле во брак.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-12.jpg

Мерил и Ганер заедно имаат четири деца: синот Хенри и ќерките Мејми, Грејс и Луиза. Двете ќерки тргнаа по стапките на мајка им и денес се актерки, Хенри е музичар, а Мејми е модел.

burna-afera-so-djek-nikolson-6-meseci-po-smrtta-na-prvata-ljubov-se-premazhila-ljubovniot-zhivot-na-meril-strip-18.jpg

За наводната афера со Џек Николсон прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg