Непотребни факти
Во прилог ви нудиме неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле, а кои ветуваат пријатно расположение и забава.
Дали сте знаеле на пример дека ако сте деснак, повеќе ќе ја жвакате храната од десната страна. За леваците важи обратното.
1. Ако повеќе не чувствувате жед, морате да пиете повеќе вода. Кога човечкото тело е дехидрирано, механизмот за жед се гаси.
2. Ако жвакате мастика додека лупите кромид, нема да имате солзи.
3. Вашиот јазик е без бактерии само ако е розов. Ако е бел тогаш има тенка фолија со бактерии.
4. Мотото на Mercedes-Benz е "Das Beste oder Nichts" што би значело “најдоброто или ништо“.
5. Титаник е првиот брод кој го користел SOS сигналот.
6. За изградбата на бродот Титаник биле потрошени 7 милиони долари. За снимањето на филмот за истиот тој брод биле потрошени 200 милиони.
7. Зеницата на окото се шири до 45% кога гледате нешто пријатно.
8. На човек кој престанал со пушење потребен му е до еден час помалку спиење во една ноќ.
9. Смеењето го намалува стресот, а го зајакнува имунолошкиот систем. Шестгодишните деца се смеат во просек по 300 пати дневно. Возрасните се смеат од 15 до 100 пати.
10. Далматинците се раѓаат без дамки.
11. Лилјаците секогаш вртат налево кога излегуваат од пештерата.
12. На машките кошули копчињата се од десно, но на женските се од левата страна.
13. Бувот е единствената птица која го спушта горниот очен капак за да трепне.
Сите останати птици го мрдаат долниот.
14. Единствената причина што медот е толку лесен за дигестирање во желудникот, е само поради тоа што претходно е дигестиран од пчелата.
15. Петлите неможат да кукурикаат ако не го истегнат вратот.
16. Сината боја има смирувачки ефект. Мозокот, при гледање во сина боја испушта хормони за смирување.
17. Секој пат кога ќе кивнете, неколку мозочни келии умираат.
18. Левото белодробно крило е помало од десното за да има повеќе место за срцето.
19. Кога се вцрвенувате, пределот околу вашиот стомак исто така добива црвена боја.