-->
Во 2020-та година имал огромни финансиски загуби, по што почнале гласините и дека се разведува со 24 години помладата сопруга. Познат е по необичниот моден стил и луксузниот начин на живот. Кој е Стивен Ханг?
Стивен Ханг (63) е кинески милионер кој е познат по ексцентричноста, но и по луксузниот животен стил. Редовно објавува фотографии со славни личности, од вечери со Мик Џегер и Кристијан Лобутин, луксузни автомобили, престој во луксузни хотели. Кој е богатиот Кинез со препознатливиот стил и фризура?
-->
Kинескиот бизнисмен го привлекува вниманието како со луксузниот начин на живот и прекумерното трошење, така и со генијалните бизнис идеи.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за него:
-->
-->
Стивен Ханг е кинески бизнисмен и хотелиер кој бил роден во влијателно семејство во 1959-та година.
Неговите родители биле доста успешни инвеститори во недвижности кои мошне биле сконцентрирани на образованието на нивниот син.
Ханг прво изучувал медицина на универзитетот „Колумбија“, а потоа се префрлил на Универизтетот на Јужна Калифорнија каде дипломирал „бизнис администрација“.
Иако се родил во мошне имотно семејство тој сакал сам да успее во животот и да ги заработи сопствениот статус и богатство. Познат е како поранешен банкар и брокер, а во Кина го нарекуваат „генијалец за бизнис“.
Денес Стивен тежи околу 400 милиони долари и постојано споделува фотографии од луксузниот животен стил што го водат тој и неговата сопруга Дебора.
Стивен во 2012-та година стапил во брак со мексиканскиот модел Дебора Валдез, и имаат два сина Шон Ханг и Иван Ханг.
Уште 5 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира: