Кафе се плаќа со добро дело и уште 9 забавни, но необични факти за животот во Чешка
Чесите не сакаат да се расфрлаат со пари
Чесите се особено внимателни кога станува збор за пари и повеќето не сакаат да трошат на непотребни нешта, без разлика колку пари имаат.
Тие се свесни за штетите од неконтролираниот консумеризам и обично трошат пари само на она што им треба.
Истовремено, кога одат на состанок паровите избегнуваат да даваат многу пари за во ресторан, туку многу често купуваат улична храна.
И Чесите слават именден
Слично како кај нас, и Чесите сакаат да го слават нивниот именден.
Тие прославуваат со многу храна и пијалаци, а славениците неретко добиваат подароци како цвеќе и чоколадо.
Чешкиот е еден од најтешките јазици
Иако ние што знаеме македонски можеби полесно ќе го совладаме чешкиот јазик, овој јазик е сепак многу тежок за учење.
Чешкиот има комплексни граматички правила и падежи, а зборовите можат да бидат тешки за изговарање.
Во Прага се наоѓа еден од најстарите астрономски часовници во светот
Најпрепознатливата атракција во Прага е астрономскиот часовник кој е изграден во далечната 1410 година.
Покрај тоа што е еден од најстарите, овој часовник уште е во функција и ги покажува положбите на Сонцето, Месечината, соѕвездијата, а некогаш и планетите.
Јадат благи тестенини
Чешката кујна изобилува со прекрасна храна, но и тие имаат специјалитети кои нам сигурно ќе ни изгледаат чудно.
На пример, тие приготвуваат благи тестенини.
Ова старинско јадење се приготвува со тестенини, шеќер, растопен путер и мелено семе од афион.
Спирова С. | Црнобело