Топлата вода е луксуз во Северна Кореја – наставничка која работела во Северна и Јужна Кореја споделува забавни факти
Во Северна Кореја момчињата ги освојуваат девојките со храна
Ако некое момче сака да освои некоја девојка, тогаш мора да ѝ купи храна.
Поради ова, навечер рестораните биле полни со млади парови.
Северна Кореја си има свој интернет
Жителите на Северна Кореја не смеат да се поврзат со интернет – овој луксуз им е достапен само на некои високи функционери.
Наместо тоа, државата си има своја внатрешна мрежа – „интранет“ – која можат да ја користат само тамошните жители.
Поради ова, Дијана вели дека додека престојувала во државата имала „дигитален детокс“.
Странците можат да користат мобилни телефони и слични уреди
Ако отидете во Северна Кореја, Дијана тврди дека нема да ви го земат телефонот или лаптопот. Единствено, нема да можете да се поврзете на интернет.
Пред да замине, Дијана симнала многу филмови, серии и книги на нејзиниот лаптоп, па така го минувала слободното време без интернет.
Во студентските домови топлата вода е луксуз
Иако собите биле добро средени, Дијана открива дека топлата вода во Северна Кореја била луксуз. Односно, топла вода имало само половина час, на секои 13 часа.
Во Јужна Кореја користат многу англиски зборови
Официјалниот јазик во Јужна Кореја е корејскиот. Но, Дијана забележала дека многу Корејци употребуваат и англиски зборови додека разговараат со други Корејци.
Во Северна Кореја, од друга страна, речиси никој не го разбирал англискиот.
Спирова С. | Црнобело