Факти за Раста - бившата сопруга Ана Николиќ со клуч му го уништи автомобилот, важи за српски крал на „Auto-Tune“ музиката
Тајно се венча со Ана Николиќ, а нивниот брак и развод беа проследени со низа скандали. Таа призна како во напад на љубомора му го уништила автомобилот, но и покрај скандалите не ја исклучуваат можноста да имаат уште едно дете заедно. Факти за српскиот музичар Раста...
Раста, односно Стефан Ѓуриќ, е познат музичар од српската естрада кој прв почна да прави музика со „Auto-Tune“ (автоматско прилагодување на тонот и отстранување на шумот).
Има дуети со поголем број звучни имиња на српската музичка сцена, а неговиот приватен живот често е тема на интерес во медиумите.
Откако на овој начин изгради успешна кариера, голем број музичари од балканската хип-хоп и трап сцена почнаа да го следат неговиот пример и да прават музика со „Auto-Tune“.
Раста деновиве се огласи на социјалните мрежи, па најави дека планира да ја промени „играта“ и да им објасни неколку работи на другите.
„Мислам дека е непотребно да говориме за тоа кој е творец на оваа ‘игра’. Кој го направи тоа да не мораш да имаш ‘свирачи на оргули’ и да пееш фолк за да настапуваш во најголемите клубови на Балканот и во Европа?“ – пишува тој.
https://www.instagram.com/p/CaF60Cdtg8u/?utm_source=ig_web_copy_link
Во својата објава вели дека тој како крал планира да се врати на тронот.