10 работи кои се вообичаени во Тајланд, а нам ни изгледаат чудно
Насекаде има сијамски мачки
Знаевте ли дека сијамските мачки со впечатливи сини очи потекнуваат од Тајланд? Нивното име потекнува од старото име на земјата – Сијам.
Не е познато колку се стари овие мачки, но првпат се спомнуваат во книга – Tamra Maew (поеми за мачки) – напишана помеѓу 14 и 18 век.
Тајланѓанците секогаш оставаат храна во чинијата
Луѓето во Тајланд секогаш оставаат малку храна во чинијата откако ќе завршат со јадење, особено ако се на гости.
Овде се верува дека ако изедете сè од чинијата, домаќинот не ви дал доволно храна.
Имаат деликатес од птичјо гнездо
Еден од најскапите деликатеси во светот потекнува од Тајланд. Станува збор за супа со гнездо од вид птици кои ја користат нивната плунка за да го направат.
Овој специјалитет е доста популарен и во Кина.
Неприфатливо е да допрете нечија глава
Додека кај нас нежното галење по главата е знак за наклонетост, во Тајланд овој гест се гледа многу поразлично.
Според тамошните верувања, главата е најважниот дел од телото и никако не смеете да допрете некој по главата.
Родителите имаат многу високи очекувања од децата
Луѓето во Тајланд го сфаќаат образованието многу сериозно, па родителите имаат огромни, некогаш и превисоки очекувања од нивните деца.
По училишниот ден, децата голем дел од времето минуваат во учење или посетување приватни часови, најчесто по англиски и математика.
Истовремено, повеќето деца знаат да свират инструмент.
Бангкок е град со најдолгото име
Според Гинисовата книга на рекорди, Бангкок е градот со најдолгото име во светот.
„Бангкок“ е всушност „прекарот“ на градот, додека вистинското име на градот тима 168 букви и гласи: Krung Thep Mahanakhon Amon Rattanakosin Mahinthara Yuthaya Mahadilok Phop Noppharat Ratchathani Burirom Udomratchaniwet Mahasathan Amon Piman Awatan Sathit Sakkathattiya Witsanukam Prasit.
Спирова С. | Црнобело