10 работи кои се вообичаени во Тајланд, а нам ни изгледаат чудно
Официјалното име на Бангкок, престолнината на Тајланд, има дури 168 букви и се најде во Гинисовата книга на рекорди како најдолго име на град.
Од начинот на живот и културата, па сè до храмовите и плажите, Тајланд е земја како никоја друга.
Речиси секој аспект од секојдневието на локалните жители за нас може да биде навистина необичен.
Ова најдобро го покажуваат следниве факти:
Во Тајланд има фестивал за мајмуни
Во провинцијата Лопбури во Тајланд се прославува фестивалот Monkey Buffet (буквално преведено – бифе за мајмуни) со кој им оддаваат почит на локалните мајмуни.
Во оваа област живеат околу 2.000 мајмуни од видот macaque за кои локалците веруваат дека им носат среќа.
За време на фестивалот, луѓето поставуваат огромни количини храна за мајмуните, како ориз, овошје и зеленчук. Истовремено, има и секакви перформанси во кои некогаш учествуваат и друштвените животни.
Локалците ги шетаат малите кучиња во торби
Многу луѓе кои имаат мали кучиња ги разнесуваат со помош на специјални торби, но во Тајланд ова е секојдневие.
Овде често ќе налетате на човек на мотор или велосипед кој си го носи кучето во торба.
Јадат сладолед со леб
Можеби изгледа чудно, но оние туристи кои ја пробале оваа комбинација велат дека е превкусна.
За разлика од нас, луѓето од Тајланд немаат навика да јадат леб со скоро секој оброк, но често го јадат со сладолед.
Никој не влегува во храм со чевли
Најголемиот дел од луѓето во Тајланд се будисти, па низ земјата има илјадници будистички храмови.
А, секојпат кога влегуваат во некој храм, тие задолжително си ги соблекуваат чевлите. Ако некогаш одите таму, истото треба да го направите и вие.
Имаат необични традиционални шешири
Веројатно сте виделе многу фотографии со препознатливите традиционални сламени шешири на Виетнамците. И луѓето во Тајланд имаат слични шешири, но со малку необична форма.
Овие шешири се нарекуваат ngob, се изработуваат од листови од палма, а нивната необична форма овозможува слободен проток на воздухот. На овој начин, шеширот ќе ве заштити од сончевите зраци без да ви биде многу топло од него.