Зошто миењето лице ја смирува вознемиреноста и уште 7 факти кои не ви ги кажале на часовите по биологија
Знаевте ли дека новороденчињата се толку силни, што можат да ја издржат нивната тежина?
Биологијата го пофаќа целиот жив свет, па ни најголемите експерти не знаат буквално сè. Всушност, и тие постојано ги надградуваат знаењата и речиси секојдневно откриваат и учат нешто ново.
А, бидејќи на училиште го опфаќавме само најосновното на часовите по биологија, ние, просечните луѓе, не знаеме скоро ништо.
Во продолжение 8 забавни факти што сигурно не сте ги учеле по биологија:
Срцето забавува кога го ставате лицето во вода
Ако го ставите лицето во вода, биењето на срцето ќе се забави и ќе се намали вашиот крвен притисок. Ова е всушност еден вид рефлекс за нуркање кој се јавува кај нас и други цицачи бидејќи не можеме да дишеме под вода.
Ова значи дека ако се чувствувате многу напнато, доволно е да го измиете лицето со студена вода за колку-толку да се чувствувате посмирено.
Постојат габи кои „јадат“ пластика
Во блиска иднина, во океаните би можело да има повеќе пластика отколку риби, бидејќи пластиката не се разградува со години, па дури и векови.
Но, научниците имаат откриено неколку видови габи кои се хранат со пластика и со тоа ја разградуваат за значително пократок период, па можеби ќе ни бидат од огромна помош.
Новороденчињата се многу силни
Додека да наполнат околу шест месеци, новороденчињата се доволно силни за да ја издржат сопствената тежина. Односно, ако новороденчето се фати за шипка со двете раце, без проблем ќе може да виси и да ја издржи својата тежина.
Наводно, ова е само рефлекс кој бебињата не можат да го контролираат и кој потоа го губат.
Коалите имаат отпечатоци на прстите слични како кај луѓето
Отпечатоците на прстите на коалите се речиси идентични со оние на луѓето. Наводно, некогаш ни анализа со микроскоп не може да најде разлика.
Иако и шимпанзата и горилата кои генетски се поблиску до нас луѓето имаат отпечатоци, тие сепак се разликуваат од нашите.
Полжавите можат да спијат и до три години
На полжавите им е потребна влага за да преживеат, па ако се најдат на суво место, можат да почнат хибернација која кај некои видови трае и до три години.
Во ваквите ситуации, полжавите си го покриваат телото со секрет кој ги штити од сувото и топло време.
Дигестијата кај мрзливците може да трае и цел месец
Мрзливците имаат еден од најбавните метаболизми кои се забележани кај цицачите. Ова значи дека кај нив дигестијата трае многу долго.
Наводно, овој процес може да трае и до 30 денови за еден оброк.
Мозокот го игнорира нашиот нос
Носот влегува во нашиот видик, само што ние не го ни забележуваме тоа.
Бидејќи носот постојано е во нашиот видик, мозокот го игнорира, па не го ни перципираме.
И луѓето имаат риги
Слично како зебрите и многу други животни, и ние луѓето имаме еден вид риги. Разликата е во тоа што кај нас овие риги некогаш можат да бидат видливи под ултравиолетова светлина, или ако настане некој проблем со кожата по што настанува депигментација. Во спротивно се невидливи.
Овие линии се безопасни и се верува дека настануваат во фазата на ембрионалниот развиток.
Спирова С. | Црнобело