Постои судбина или сами си ја кроиме? – како да се смени „судбината“ според Карл Јунг
Мислите и анализите на основачот на аналитичката психологија, Карл Густав Јунг, можат да ни помогнат да ја разбереме сопствената судбина. Доколку пред вас имате книга во која го пишува целиот ваш живот, дали ќе посегнете по неа за да ја прочитате?
Луѓето најмногу сакаат да си ја откријат судбината за да ги избегнат грешките, болката, тагата и фрустрацијата. Често пати, луѓето мислат дека од „судбината не се бега“, но вистината е дека ние самите ја создаваме нашата судбина – со своите мисли, зборови и дела. Имаме неограничена слобода на избор, слободни сме да ја обликуваме „судбината“ што ја замислуваме, сакаме и заслужуваме.
За да го смените текот на вашата „судбина“ кон подобро, важно е да ги разберете следните 3 цитати од Карл Густав Јунг:
1. „Јас не сум она што ме прави животот, туку она што сакам да станам“
Слободната волја е само доброволно преземање на одговорност за она што ви се случува. Ние сме она што самите си го правиме, а не она што ни се случило или ни се случува.
Кога ќе научите да преземате одговорност и ќе престанете да ја обвинувате судбината и околностите, тогаш сè ќе ви оди полесно во животот.
Сфатете дека моќта е во вашите раце – животот е она што го создаваме и избираме за себе. Дури и кога се случуваат бури, имаме избор како да му пристапиме на тој предизвик.
Ако му пристапиме позитивно, поголеми се шансите да најдеме решение. Од друга страна, негативниот пристап само го отежнува процесот и носи дополнителни грижи.
2. „Додека потсвесно не станете свесни, ова ќе го управува вашиот живот, а вие ќе го нарекувате судбина“
Вашата потсвест е вашата судбина, бидејќи потсвеста контролира автоматизирани дејствија или навики. Запомнете ја поговорката: кој сее навика ќе жнее судбина. Од свест до потсвест.
Кога ќе станете свесни за она што е во вас, вашата душа, нејзината длабочина, кога ќе ги откриете тајните на потсвеста, полесно ќе ја контролирате својата судбина.
Затоа работете повеќе на себе, разберете се подобро, разговарајте со себе и сакајте го своето битие.
3. „Не држете го она што треба да замине од вас, во спротивно нема да дојде она што тргнало кон вас“
Кога ќе научите како да се ослободите од нешто, тогаш ќе отворите простор за добри, убави и волшебни работи.
Сфатете дека луѓето кои ве повредиле, разочарале и кои сакаат да ве напуштат и ТРЕБА да го напуштат вашиот живот за да се отвори вратата на вашето срце за нови луѓе и можности.
Ослободете се од сето она што е негативно, пуштете го минатото зад вас, бидејќи тоа е она што ве кочи. Земете си го животот во своите раце и вие бидете креаторот на личната судбина.
(О)Милена | Црнобело