Kaко изгледа животот на сибирското племе каде не постојат разводи?

Жените без проблем ги завршуваат „машките“ обврски, разводите практично не постојат, а нивниот начин на живот речиси и да се нема променето од порано.

razvodite-ne-postojat-za-zhenite-e-najvazhno-da-se-silni-i-vredni-zabavni-fakti-za-narodot-hanti-od-rusija-01.jpg

Народот Ханти живее во Русија, во областа позната како Ханти-Мансиски округ. Хантите се едно од домородните малцинства во Сибир, а нивниот начин на живот е навистина интересен бидејќи се нема променето многу од порано.

Овие луѓе обично се занимаваат со риболов, лов и одгледување ирваси, а секојдневието го минуваат работејќи и негувајќи ги древните традиции.

Неколку забавни факти за овој уникатен народ:

1. Како што напоменавме, повеќето Ханти се занимаваат со лов, риболов, како и собирање плодови. А, имаат навистина интересни методи за ова – на пример, ловат риба со помош на кафез што го потопуваат по вода, а бобинките ги собираат со кофи наместо со рака бидејќи ова е многу побрз начин.

razvodite-ne-postojat-za-zhenite-e-najvazhno-da-se-silni-i-vredni-zabavni-fakti-za-narodot-hanti-od-rusija-02.jpg

2. Жените од овој народ не се многу преокупирани со изгледот, а и на мажите не им е воопшто важно како изгледаат нивните сопруги.

Бидејќи кај овој народ и мажите и жените ги работат истите работи – како цепење дрва – уште од порано многу биле важни физичката сила, трудољубивоста и вештините на партнерите.

Но, тие обрнуваат внимание на нивната традиционална облека која жените ја украсуваат со разни везови. Оваа вештина е всушност уште еден знак дека некоја жена е вредна.

3. Разводите кај Хантите се практично непостоечки. И покрај караниците помеѓу сопружниците кои некогаш се неизбежни, мажите и жените сметаат дека нивна задача е заедно да се грижат едни задруги и за нивните деца, па разводот скоро никогаш не е опција.

razvodite-ne-postojat-za-zhenite-e-najvazhno-da-se-silni-i-vredni-zabavni-fakti-za-narodot-hanti-od-rusija-05.jpg

4. Хантите имаат интересни традиции и верувања кога станува збор за бременост. На пример, бремените жени не треба да носат облека направена од кожа од ирвас. Истовремено, тие не треба да бидат на места со многу народ, па ниту да присуствуваат на нивните верски ритуали.

5. Веќе кажавме дека мажите и жените еднакво ги делат обврските. Ова значи дека покрај домаќинските обврски низ домот, жените без проблем собираат дрва и ги завршуваат и другите работи кои најчесто им се даваат на мажите.

razvodite-ne-postojat-za-zhenite-e-najvazhno-da-se-silni-i-vredni-zabavni-fakti-za-narodot-hanti-od-rusija-03.jpg

6. Хантите имаат свои празници, со кои обично ја слават природата. Еден од најинтересните е „Прославата на мечката“, кој се одржува по успешен лов на мечка.

Хантите ретко ги ловат овие животни, односно само за ритуал. Тие сметаат дека нивниот прв предок бил мечка, па преку ритуалот ѝ се заблагодаруваат, но и ѝ се извинуваат.

А, бидејќи месото е свето, не го допираат со раце, туку само со посебен прибор.

razvodite-ne-postojat-za-zhenite-e-najvazhno-da-se-silni-i-vredni-zabavni-fakti-za-narodot-hanti-od-rusija-4.jpg

7. Хантите ја чуваат храната во дрвени шупи поставени на столбови на одредена висина. На овој начин ја заштитуваат од животни.

8. За време на породување можат да присуствуваат само жени. Во породувањето обично помагаат четири жени – едната ја породува мајката, втората ја сече папочната врвка, третата го внесува детето во неговиот дом, а четвртата му е кума на детето.

9. Овој народ бил номадски – обично живееле во дрвени колиби во зима, а напролет, кога времето е малку потопло, оделе на друго место каде што можат да ловат.

Овде живееле во шатори направени од кожа. Наводно, сега повеќето се стационирани и живеат во заедници и во дрвени колиби.

razvodite-ne-postojat-za-zhenite-e-najvazhno-da-se-silni-i-vredni-zabavni-fakti-za-narodot-hanti-od-rusija-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg