Ја викаат италијанската Ким Кардашијан, романса со Кристијано Роналдо: Која е Кристина Бучино?
-->
Самата признава дека направила естетски корекции на градите. Се шпекулира дека имала романса со Кристијано Роналдо и со Колин Фарел. Факти за Кристина Бучино – најплатениот италијански модел.
Кристина Бучино (36) важи за најпозната италијанска манекенка и инфлуенсерка во моментов. На Инстаграм има 2,6 милиони следбеници, што редовно ги следат нејзините објави, а во својата земја уште ја нарекуваат и италијанската Ким Кардашијан.
-->
Во продолжение неколку факти за неа:
Кристина е родена во италијанското село Кастровилари во Калабрија, Италија. Иако точно не се знае идентитетот на нејзините родители, таа има уште две сестри: Марија Тереза и Донатела со кои е мошне блиска и кои исто така се модели.
Кристина се преселила во Рим за време на средното образование, а откако се стекнала со средношколска диплома одлучила да се посвети на кариерата како модел.
Модниот свет го освоила благодарение на сопствената убавина. Но, самата признава дека направила естетски корекции на градите, а некои шпекулираат дека има направено операција и на носот.
-->
-->
Таа е мошне блиска со своите сестри и ако Кристина е италијанската Ким, тогаш трите сестри се познати како италијанските сестри Кардашијан. Тие заедно имаат сопствена линија за нега на кожа.
-->
Од 2006-та година по успешното лансирање на кариерата како модел, почнала да се појавува во повеќе италијански телевизиски шоуа.
Учествуваше и во италијанската верзија на шоуто „Преживеан“ (Isola dei Famosi), каде имаше лошо искуство – поради честите убоди од комарци постојано имаше алергии, а проблем ѝ беше и недостатокот на храна и стравот од темница.
-->
За Кристина се знае дека била во врска со италијанската ТВ личност Кристијано Ангелучи, а потоа била во долгогодишна врска со синот на италијанскиот пејач Џиџи Далесио, Клаудио.
Низ годините Кристина била поврзувана со повеќе светски славни личности, меѓу кои и со фудбалерите Кристијано Роналдо и Александар Коларов, а исто така се коментираше дека била во врска и со Колин Фарел.
Кристина во моментов целосно се посвети на работата како инфлуенсерка. Нејзиното богатство се проценува дека тежи 5 милиони долари.
На следната страна погледнете повеќе нејзини фотографии:
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана
Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...