Дали ова е најзгодната девојка која сте ја виделе?
- Детали
- четврток, 02 јули 2015
Кристина Бучино е модел кој во Италија се прославил по учествувањето во реалното шоу „Isola dei Famosi“ и 5-годишната врска со синот на познатиот италијански пејач Џиџи Д’Алесио.
Кристина е родена во едно мало италијанско место познато како Кастовилари, но уште во детството заедно со своите родители се преселила во Рим.
Во модните води влегла од својата 17-та година и многу бргу нејзиното лице станало познато во италијанската телевизија Раи Уно.
Згодниот модел учествувал на повеќе емисии кои се емитувани на италијанската телевизија, а популарноста ја стекнала токму со шоуто „Isola dei Famosi“.
Меѓу другото, таа долго време била во врска со Клаудио, синот на Џиџи. По прекинот на врската таа признала дека биле подготвени да се венчаат, но малите расправии им биле чести и причина за прекин на врската.
Моментално таа одмара на плажите на Ибица, а како што обожава да се сонча топлес, не е ни чудно што папараците постојано и го следат чекорот.
По машкото мислење некои би рекле дека таа има идеална женска фигура.
Што мислите вие?