Го изневери бившиот со оженет маж, сега се сврши со девојка – Факти за љубовниот живот на Кристен Стјуарт
Имаше совршена хемија со Роберт Патинсон и на филмското платно и во реалниот живот, а го изневери со оженет маж, за на крај да излезе и јавно да проговори за сопствената сексуална определба. Повеќе факти за љубовниот живот на Кристен Стјуарт.
Актерката Кристен Стјуарт (31) деновиве е актуелна по улогата на принцезата Дијана (31) во филмот Spencer, но и по тоа што објави дека се свршила со нејзината девојка Дилан Мејер со која 2,5 години е во врска.
Кристен е позната по тоа што својот приватен живот го крие подалеку од очите на јавноста, но нејзиниот љубовен живот беше проследен со низа скандали.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за љубовниот живот на актерката:
Кристен Стјуарт стана препознатлива по улогата на Бела Сван во филмскиот серијал Twilight, а во истиот период беше во романтична врска и со партнерот од филмот Роберт Патисон (35) кој го толкуваше ликот на вампирот Едвард Кален.
Роберт и Кристен во 2008-ма година биле избрани за улогите на Бела и Едвард во филмот Twilight токму поради неверојатната „хемија“ што постоела меѓу нив за време на кастинзите.
Тие почнале да се гледаат во тајност во 2009-та година и никој не знаеше дека навистина се во врска.
„Хемијата“ од филмот се пренесе од филмското платно и во реалниот живот, па Роберт и Кристен од страна на обожавателите беа набљудувани како вистинските Бела и Едвард, односно двојката на која ѝ е судено да остане заедно засекогаш.
Во 2012-та година непосредно пред премиерата на последниот дел од Twilight Breaking Dawn – part 2, Кристен беше топ-тема во таблоидите откако беа објавени фотографии на кои се гледа како таа се бакнува со режисерот на филмот Snow White and the Huntsman, Руперт Сандерс.
Аферата со речиси 20 години постариот и оженет Руперт Сандерс (50) беше шок за Роберт Патинсон, но и за обожавателите на вампирскиот серијал Twilight.
На Youtube сè уште е достапно видеото со една мошне вознемирена обожавателка која плачеше откако беше објавено дека Кристен го изневерила Роберт.
„Не верував дека е вистина, но вистина е“ – хистерично плачеше обожавателката.