Кристен Стјуарт објави дека е свршена: „Лудо сум вљубена, ми се исполни желбата да добијам предлог за брак“
- Детали
- вторник, 02 ноември 2021
„Ќе стапиме во брак. Дефинитивно ќе го направиме тоа“ – изјави актерката Кристен Стјуарт која иако во минатото беше во врска со повеќе мажи, во последните 2,5 години е во врска со сценаристката Дилан Мејер.
Ѕвездата на филмскиот серијал Twilight, Кристен Стјуарт (31) која деновиве е мошне актуелна и по улогата на принцезата Дијана во најновиот филм Spencer објави дека е свршена со нејзината девојка Дилан Мејер.
Актерката која е позната по тоа што се труди колку е можно повеќе својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста во гостувањето кај Хауард Стерн изјави:
„Ќе стапиме во брак. Дефинитивно ќе го направиме тоа. Сакав да ми предложи брак и мислам дека мошне внимателно навестив што би сакала, а таа во целост го исполни тоа.“
Говорејќи за предлогот за брак, не рече дека воопшто не била специфична и не очекувала дека таа треба прва да го даде предлогот, затоа што кога станува збор за врска меѓу две девојки, помалку е чудно кој ќе ја заврши таа улога. Но, Дилан, собрала храброст и ѝ предложила брак.
Кристен и Дилан се запознале на снимање на филм во 2013-та година, но се немале видено цели 6 години.
Случајно се сретнале на роденденска забава на пријателка и оттогаш ја започнале врската. За првпат биле забележани заедно во август 2019-та година.
Во октомври истата година, тие официјално ја потврдија својата врска на Инстаграм откако Дилан објави фотографии на која тие двете се бакнуваа.
За време на целата врска, тие двете се обидуваа приватниот живот да го чуваат колку е можно подалеку од очите на јавноста, но во 2019-та година Кристен гостуваше во шоуто на Хауард Стерн и призна дека е вљубена и не може да дочека да ѝ предложи брак на својата девојка.
Инаку, Кристин долго време ја криеше својата сексуална определба од јавноста, па дури во периодот на снимањето на филмскиот серијал Twilight таа беше во врска со Роберт Патинсон.
https://www.instagram.com/p/CVgc8Pyo9Tp/?utm_source=ig_web_copy_link
Тие двајцата раскинаа откако во јавноста се појавија информации дека Кристен го изневерила Роберт со режисерот на Snow White and the Huntsmen Руперт Сандерс, а во медиумите се шпекулираше дека нивната врска била маркетиншки трик.
Сепак, Кристен во повеќе наврати тврдеше дека таа врска била вистинска.
„Чувствував дека можеби со некои работи сум ги повредила луѓето со коишто сум била заедно во минатото. Не затоа што се срамев да бидам отворена за мојата сексуална определба, туку затоа што не сакав да ѝ се предадам на јавноста во целост. Се чувствував ограбено“ – изјави таа за InStyle.
Б. С. Б. | Црнобело