„Ме нарекуваа најголемата овца, родена за коцкање“ – интересни факти од животот на легендарниот Тома Здравковиќ
Негова духовна исполнетост била да им помага на луѓето
За време на неговиот живот, покрај музиката, душата на Тома ја исполнувала хуманоста.
Тој на секакви начини им помагал на луѓето – со цел да ги направи среќни, а во едно од неговите последни интервјуа тој изјавува:
„Ми се допадна играта на „добар човек“, да им помагам на луѓето: да купам некому сто каранфили, јакна, да направам нешто лудо – нешто што не е нормално за другите. Тоа ми годеше...
Парите ми служеа да се забавувам, бидејќи сѐ тоа ме интересираше. Ако се најдам во друштво на коцкари – и тоа исто така ме интересираше. Но, јас се коцкам надвор од системот.
Во тие кругови, тие велат дека јас сум најголемата овца родена за коцкање, и тоа најверојатно е вистина. Додека тие играат за пари, јас се забавувам. И кога немав пари, бев мирен и среќен...“
Својот прв солистички концерт го одржал по цели 26 години кариера
Во февруари 1982 година, во Домот на синдикатите во Белград, Тома го одржал својот прв солистички концерт по 26 години музичка кариера.
Поради неговиот „турбулентен“ живот Тома останал без речиси ништо
Тој целиот свој имот го „заложил“ во кафанските седенки, како и во казината со своите пријатели - оставајќи зад себе само еден еднособен стан на Петлово Брдо во Белград.
Mногу песни посветил на своите (но и туѓи) жени
Тома бил познат како човек кој исклучително ги сака жените. Интересен е фактот дека неговите песни всушност во главно се инспирирани од страна на женскиот пол.
„Данка“, „Еј, Бранка, Бранка“, „За Лилјана“, „Дијана“, „Ангела“, „Ана“, „Александра“, „Фатима“, „Јелена“, „Марта “, „Надо, Надо“ и уште многу други, а од неговите четири законски сопруги – онаа којашто добила песна со посвета е единствено Нада Радановиќ.
Се оженил четирипати
Неговата прва сопруга е Олгица и со неа ја има ќерката Жаклина. Втората Милица, а третата е Нада Радановиќ од Цетиње. Четвртата сопруга на Тома, добропознатата Гордана, со која го има синот Саша, живее во Торонто.
Првото дете на Тома Здравковиќ, Жаклина, денес живее во Холандија и е мајка на две момчиња, а другиот наследник Александар (Саша) живее во Америка и се занимава со музичка продукција.
Се борел со ракот цели 17 години
Прикован за кревет, на врвот на славата во 1991 година, Тома се борел со ракот на простата цели 17 години.
Мила М. | Црнобело