Љубовен триаголник, ќерка која страда од депресија – Факти за Даниел Крејг, фамозниот Џејмс Бонд
На светската премиера на најновиот филм No time to die, Даниел се појави придружуван од ќерката Ела, а неговата сегашна сопруга Рејчел Вајс била зафатена со снимање во Њујорк.
Рејчел и Даниел се запознале уште во 1994-та година додека и двајцата биле на факултет, но врската ја почнале дури во 2011-та година, кога заедно играле во филмот Dream House.
Пред да ја почнат врската Рејчел воопшто не сакала да стапи во брак, но Даниел ја убедил да го промени мислењето. Па така само 6 месеци по почнувањето на врската одлучиле да стапат во брак, а направиле приватна церемонија со најблиските.
Сепак, Рејчел и Даниел се мошне приватни луѓе и личниот живот го кријат што е можно подалеку од очите на јавноста. Доказ за тоа е што тие двајцата досега ниту еднаш во јавност не го изнеле името на нивната двегодишна ќерка.
Кога се говори за љубовниот живот на Даниел Крејг, треба да се напомене и фактот дека во 2004-та година бил во љубовен триаголник со неговиот тогашен пријател Џуд Ло и Сиена Милер.
Имено, Сиена Милер била во врска со Џуд Ло, а играла во филм заедно со Даниел Крејг, но нивната врска почнала да добива поинаков карактер.
Целата приказна била разоткриена откако новинар стекнал нелегална телефонска снимка од разговор помеѓу Сиена и Даниел и ја објавил во медиумите. Џуд дознал дека Сиена го изневерува со неговиот пријател преку медиумите.
За скандалот се водел и судски спор, а според пишувањата во медиумите во телефонската порака, Сиена наводно му рекла на Даниел дека го сака, додека била излезена со Џуд.
Како и да е, Сиена и Џуд не ја прекинаа врската тогаш, туку подоцна, откако се дозна дека и тој бил во врска со дадилката на неговите шест деца.
Прочитајте и Најнискиот Џејмс Бонд кој всушност има страв од оружје – факти за маестралниот „таен агент“, Даниел Крејг
Б. С. Б. | Црнобело