Спиењето го продолжува животот и го намалува апетитот – 7 факти за сонот што не сте ги знаеле
Сонот сè уште претставува мистерија, но и тема на бројни истражувања. Сепак, постојат неколку работи што науката успеа да ги потврди.
Исто како и храната и дишењето, добриот сон е многу важен за нашето тело и е од витално значење за одржување на доброто ментално и физичко здравје.
Прочитајте ги следните 7 интересни и помалку познати факти за спиењето и сонот:
11 дена без сон
Кога станува збор за спиење, повеќето луѓе, во просек, спијат околу осум часа. За некои доволно е помалку, но интересно е да се знае дека светскиот рекордер издржал 11 дена без сон.
Уште додека бил во средно училиште, ученикот Ренди Гарднер поминал 264,4 часа без сон, за што го освоил првото место на десеттиот годишен саем за науки во Сан Диего во 1964 година.
На прашањето дали ќе го повтори тоа, тој цврсто одговорил: „Не“.
Месечарење
Прошетката во сон дефинитивно може да го исплаши човекот што не го очекува тоа. Можеби мислите дека месечарењето е ретка појава, но реалноста е дека околу 15% од населението ќе имаат барем една прошетка во сонот во нивниот живот.
Црно-бел свет на соништата
Друга интересна работа што треба да ја знаете е дека многу од соништа се црно-бели. Околу 11% од луѓето не сонуваат во боја.
Изненадувачки, овој број бил многу поголем пред појавата на телевизорите во боја - само во САД, три четвртини од Американците не сонувале во боја.
Мозокот не може да создаде нови луѓе во соништата, затоа користи регистрирани и познати лица за да го пополни „просторот“ во вашите соништа.
Пет минути за да го запаметите сонот
Повеќето луѓе сонуваат многу, но дали знаете дека 50% од дејствието на сонот се заборава во првите 5 минути по будењето? Ова значи дека имате 5 минути за да запишете сè што ви се случило во сонот, за да можете подоцна да размислувате за тоа.
Луѓето вообичаено сонуваат помеѓу четири и шест соништа во текот на ноќта. Многу научници веруваат дека соништата му помагаат на мозокот да ги обработува секојдневните настани, па затоа тие се неверојатно важни.
Ако мислите дека не сонувате секоја вечер, тоа веројатно значи дека сте ги заборавиле вашите соништа веднаш откако сте се разбудиле.
Спиете и слабеете
Ова ќе ви звучи прилично чудно, но доволното спиење може да ви помогне да изгубите или барем да ја одржите оптималната тежина.
Спиењето значително го намалува апетитот, што прави голема разлика доколку се обидувате да изгубите неколку килограми или да ја одржите посакуваната тежина.
Од друга страна, недостатокот од сон може да го зголеми апетитот, особено за помрсна храна, по што се јавува дебелеење. Па, ако се грижите за вашата линија, осигурете се дека ќе спиете доволно.
Долговечноста и сонот
Квалитетниот сон промовира добра циркулација на крвта и помага да се контролира расположението. Не е изненадувачки што можете да го продолжите животот со спиење.
Имајте на ум дека добар сон значи да спиете полни 8 часа и да си легнувате во исто време секоја вечер.
Полна месечина и бессони ноќи
Истражувањата покажуваат дека во деновите кога има полна месечина луѓето легнуваат подоцна и спијат помалку, а причините за тоа се сè уште нејасни и недоволни истражени.
(О)Милена | Црнобело