10 причини зошто Финците се комплетно различни од Македонците

Во автобус не седнувате на првото слободно седиште, туку барате дали има други незафатени седишта, каде никој не седи сам. Сосема е во ред да седите во друштво и да молчите. Во продолжение десет работи за Финска и за Финците што не сте ги знаеле.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-01.jpg

Честопати за жителите на скандинавските земји се вели дека се мошне студени, повлечени, тешко се впуштаат во разговор.

На луѓето од другите земји што одат во Финска може да им се чини како да стапнале во сосема поинаков свет, особено доколку доаѓаат од земја како Македонија, каде луѓето се мошне покомуникативни, поздравувањата со прегратки и бакнежи се сосема нормални (пред пандемија), а вистинска реткост е да видите како некој седи сам во кафуле или во ресторан.

Доколку кај наа луѓето мошне лесно се спријателуваат на Финците им треба долго време, па и неколку години за да ве запознаат и да почнат да ве сметаат за пријатели.

Кај нас е сосема нормално некого што пред неколку дена сте го запознале да го поканите дома, а за нив домот е најсветото место, каде не смеете да дојдете ненајавени.

Кај нас е нормално луѓето да се туркаат и да ви дишат во врат, а тие секогаш држат дистанца затоа што го почитуваат вашиот приватен простор.  

Во продолжение проследете десет факти што би требало да ги знаете за финската култура, што особено ќе ви бидат од корист доколку имате намера да ја посетите оваа земја.

Финците не се толку повлечени, тие ја почитуваат туѓата приватност. Не се впуштаат веднаш во разговор затоа што премногу го почитуваат вашиот личен простор.

 10-prichini-zoshto-fincite-se-kompletno-razlichni-od-makedoncite-02.jpg.jpg

Тие чекаат да видат дали вие ќе им дадете јасно до знаење дека сакате да се запознаете. Подобро е вие сами да пристапите и да се претставите. Сепак, не очекувајте дека веднаш ќе станете блиски пријатели.

10-prichini-zoshto-fincite-se-kompletno-razlichni-od-makedoncite-04.jpg

За нив пријателствата се засноваат на голема доверба. Прво треба да стекнете доверба кај нив, за да може да очекувате дека ќе станете пријатели.

Може да поминат и години додека тие да оценат дека сте ја стекнале нивната доверба за да им бидете пријатели, но ако еднаш стекнете пријател од Финска тој секогаш ќе биде тука за вас.

10-prichini-zoshto-fincite-se-kompletno-razlichni-od-makedoncite-04.jpg

Бакнувањето во образ и прегратките се само за пријателите со кои поминале неколку години во запознавање, со сите останати се поздравуваат само со ракување.

10-prichini-zoshto-fincite-se-kompletno-razlichni-od-makedoncite-05.jpg

Во автобусите не седнуваат на првото слободно столче, туку прво бараат празни столчиња пред да седнат до некој друг. Ако треба да стојат на автобуска постојка, не се туркаат еден до друг, туку се дистанцираат, дури и кога надвор врне дожд.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-06.jpg

Сосема е во ред да седнете во кафуле или во ресторан сами. Тоа не значи дека „се за жалење“ и немаат пријатели - туку сакаат да уживаат во тишината и мирот и да одморат.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-11.jpg

Финците по природа се мошне скромни - кога некој се фали премногу со сопствените постигнувања, тие тоа го сметаат за некултурно.

Ако во Македонија е сосема нормално да се фалите со тоа што го знаете, тие нема да потврдат дека нешто можат или знаат сè додека и самите не се 100 отсто сигурни во себеси.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-08.jpg

Финците се мошне директни и секогаш го кажуваат сопственото мислење. Тие не знаат да прават лице или да ви ги штедат чувствата, туку веднаш ќе ви кажат директно дали нешто им се допаѓа или не им се допаѓа. Никогаш нема лажно да ве фалат за нешто што не им се допаднало.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-07.jpg

Сосема е во ред да седите во друштво и да не разговарате. На Македонците би им било чудно да седат во друштво и никој да не говори, во Финска е нормално да седат заедно и да уживаат во тишината.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-09.jpg

Не трошат време на неважни разговори. Тие веднаш преминуваат на главните работи. Доколку кај нас се смета дека е некултурно веднаш да преминете на главното без претходно да поразговарате, Финците едноставно, не знаат како да водат небитни воведни разговори.

ne-sednuvajte-do-nikogo-dokolku-vo-avtobusot-ima-prazno-sedishte-deset-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-finska-10.jpg

Прочитајте и Не оставаат бакшиш и уште 12 работи по кои Јапонците се разликуваат од останатите народи

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com/ depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди? Го помниме по улогите во филмови како Home Alone кои го одбележаа нашето детство...
Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек ...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg