„Илјада желби нема да променат ништо, една одлука ќе промени сè“ – најубавите мисли на Марина Туцаковиќ
„Во еден ден се раѓаш. Во еден ден умираш. Во еден ден се вљубуваш. Во еден ден ја запознаваш личноста што ќе ти го промени животот. Сè се случува во еден ден“ – додека Марина Туцаковиќ ја водеше битката за животот секојдневно оставаше мотивациски пораки на социјалните мрежи.
Марина Туцаковиќ ја загуби битката со злокобната болест во 67-мата година од животот, а нејзиниот профил на социјалната мрежа е вистинска ризница на мотивациски мисли и стихови. Се бореше за животот до последниот здив, а секојдневно пишуваше и објавуваше мотивациски пораки на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CQZHc-Xt1SL/?utm_source=ig_web_copy_link
Нејзините зборови и мисли ќе останат овековечени во големиот број познати хитови испеани од познати балкански изведувачи, а во последниот период своите мисли редовно ги објавуваше на Инстаграм.
Проследете некои од нејзините пораки:
„Колку човекот е поевтин, толку повеќе сака да покаже скапи предмети.“
„Можеби луѓето не знаат доволно за себеси, но затоа за другите знаат сè.“
„Секој го упропастува својот живот онака како што мисли дека е најдобро.“
„Во еден ден се раѓаш. Во еден ден умираш. Во еден ден се вљубуваш. Во еден ден ја запознаваш личноста што ќе ти го промени животот. Сè се случува во еден ден.“
„Луѓе како луѓе. Го прифаќаат она што не го сакаат, а жалат за она што го сакаат.“
„Додека човекот се преправа дека е она што не е, во него умира целата убавина на тоа што тој е.“
„Никој не е должен да ве сака. Никој нема право да ве навредува.“
„Понекогаш помалку умираш... Па продолжуваш како да не било ништо.“
„Најлошото е што човекот секогаш смета дека го прави она најдоброто. Потоа најдоброто станува најлошо.“
„Кога и да ми рекле дека нешто не можам, секогаш помалку ги поместував границите.“
„Сите имаат по некој проблем. Особено оние што сметаат дека го немаат.“
„Секогаш во прв план ставате дека богатите добиваат премногу. Наместо да се грижиме за тоа дали сиромашните ќе добијат доволно.“
„Илјада желби нема да променат ништо. Една одлука ќе промени сè.“
„Немој да сонуваш дека нешто ќе оствариш, туку оствари го она што го сонуваш.“
„Ако сакате да бидете нечија иднина, немојте да копате по неговото минато.“
Б. С. Б. | Црнобело