Сака да провоцира, направи фотосесија со труднички стомак – факти за контроверзниот Lil Nas X

Lil Nas X е музичарот што ја разбранува јавноста со фотосесијата со која го најави неговиот деби албум Montero.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-01.jpg

На фотосесијата, 22-годишниот рапер има трудничко стомаче, а фотките предизвикаа лавина негативни коментари. Но, по сè изгледа тоа и му била целта на младиот музичар:

„Ништо не ме прави посреќен од тоа да ги терам луѓето што ме мразат, да ме мразат уште повеќе. Тоа е причината што дишам, причината што постојам“, се огласи раперот на Твитер.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-10.JPG

Најинтересно за него е што тој успеа да се пробие во светот на музиката потполно сам, користејќи ја моќта на социјалните мрежи и нивното влијание.

Но која е ова млада контроверзна ѕвезда која се чини дека се прослави преку ноќ:

Вистинското име на раперот е Монтеро Ламар Хил, роден е на 9-ти април 1999 година и потекнува во Џорџија, САД. Неговите родители се развеле кога имал само 6 години. Раперот има двајца браќа, како и тројца полу-браќа и три полу-сестри.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-03.JPG

Раперот почнал да ја изучува музиката во основно, кога научил да свири труба. Веднаш се истакнал со талентот, па станал еден од водечките инструменти во училишниот оркестар.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-02.JPG

Lil Nas X се запишал на факултет, но набрзо се откажал, бидејќи сакал да се фокусира на музиката. Тој период работел во забавен парк, а паралелно пишувал песни.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-05.JPG

Раперот им стана познат на младите уште во 2018 година, благодарение на ТикТок. Тој ја искористи платформата за да ја промовира неговата песна Old Town Road, а направи и ТикТок предизвик со неа кој веднаш стана вирален. Набрзо потоа песната се најде на светските топ-листи, со што почна музичката кариера на Lil Nas X.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-09.JPG

Во 2019 година раперот сподели дека е хомосексуалец, и тоа преку неговата песна c7osure. Истата година, Lil Nas X стана дел од листата на TIME за 25-те највлијателни луѓе на интернет.

saka-da-provocira-napravi-fotosesija-so-trudnichki-stomak-fakti-za-kontroverzniot-lil-nas-x-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg