Факти за Чарлс Менсон, лидерот на најпознатиот култ чија мета биле холивудските ѕвезди - организирал над 35 убиства, но самиот не убил никого
Во 1969 година, Чарлс ги собрал најлојалните членови на култот и им рекол да извршат масакр во Холивуд. Главна мета им биле „убавите луѓе“ и елитата во Холивуд. Првите кои настрадале во овој масакр се Шерон Тејт, заедно со уште три личности кои тогаш биле во нејзиниот дом.
Тогаш Шерон живеела со нејзиниот сопруг – режисерот Роман Полански – и имала гости во домот. Наводно, Чарлс го избрал домот на Полански бидејќи најдобро го претставувал светот на шоу-бизнисот што Чарлс го презирал.
Шерон Тејт и Роман Полански
Според сведочењата на членовите од култот, Шерон и гостите биле свирепо убиени, а актерката постојано молела за животот на нејзиното неродено бебе. Веднаш потоа, убиецот ја прободел во стомакот.
Следната вечер култот на Чарлс извршил уште едно грозоморно убиство во Холивуд.
Полиција пред домот на Шерон Тејт и Роман Полански
Иронично, Чарлс и членовите на неговиот култ не бил уапсени поради убиствата, туку бидејќи биле осомничени за вандализирање на националниот парк Долина на Смртта - областа каде што се наоѓал нивниот ранч.
Тие биле уапсени во 1969 година, а властите станале свесни за нивните злосторства откако една девојка од култот признала убиство кое го извршила самата. По ова детективите сфатиле дека култот на Чарлс е одговорен за убиствата.
За време на истрагата, членовите на култот признале дека имаат цела листа на славни личности кои треба да ги убијат, вклучувајќи ги и Елизабет Тејлор и Френк Синатра.
Според нивните зборови, мета им биле славните личности бидејќи сакале да го шокираат светот.
Судењето на Чарлс почнало во 1970 година и привлекло огромно внимание. Тој период Чарлс издал и албум со цел да собере пари за неговата одбрана, а си направил и лузни на челото во форма на буквата Х.
По некое време, Чарлс ги претвори лузните во симболот свастика.
Покрај девојките од култот, Чарлс имал и многу обожавателки кои си правеле иста лузна на челото и си ја бричеле главата, а неретко се собирале пред судот додека траеле неговите судења.
Наводно, додека биле во судница, Чарлс и членовите на култот често се смешкале и не покажувале ни трошка каење за убиствата.
Во јануари 1971 година Чарлс е конечно прогласен како виновен за убиствата во Холивуд, по што добил смртна казна. Поради укинувањето на смртната казна, Менсон, на крај, добил доживотна казна затвор.
Чарлс го помина остатокот од животот зад решетки, до неговата смрт во 2017 година. Не е познато која е точната причина за неговата смрт, но наводно неколку денови претходно бил однесен во болница поради компликации со здравјето.
Убиството на Шерон Тејт е и инспирација за одличниот филм на Квентин Тарантино - Once Upon a Time in Hollywood - каде што Марго Роби ја глуми Шерон Тејт.
Покрај неа, во главните улоги ги гледаме и Бред Пит и Леонардо ди Каприо.
Спирова С. | Црнобело