Приказни за дарежливоста на Киану Ривс - Како славниот актер ги троши парите?
На хигиеничарот му подарил негов бизнис
Рандолф Грегори работел долги години како хигиеничар и благодарение на Киану станал газда. Тој за несебичното дело на Киану се пофали на Facebook, па напиша:
„Работев како хигиеничар во последните 7 години, го бришев подот секој ден и давав сè од себеси за да го прехранам семејството сè додека не го запознав Киану Ривс пред 5 дена во ресторанот каде работам. Сега имам своја продавница благодарение на него“ – напиша Грегори.
Патувања
Со оглед на тоа што има скапи викендици на плажа, јасно е дека Киану често сака да патува и да одмора од напорната работа во овие викендици.
Во една прилика имаше пишувања дека неговиот лет до Бурбанк морал принудно да слета. Очевидци тврдеа дека Киану се погрижил за сите и им обезбедил превоз по копнен пат, наместо да си ја гледа својата работа.
Не троши премногу пари на облека
Сите велиме дека изгледа одлично, а ако погледнете подобро, тој речиси две децении е постојано исто облечен во ист стил.
Купил сладолед за да може да му даде автограм на обожавател
Приказните за големината на Киану не застануваат. Во една таква прилика купил сладолед само за да добие сметка, на која му оставил автограм на 16-годишниот обожавател. По ова сладоледот го фрлил во канта за отпадоци.
Б. С. Б. | Црнобело